Достапни линкови

Ново поскапување на лебот?


Постои можност за ново поскапување на лебот и другите производи од пченица, велат упатените.

Во Македонија годинава родот на пченица бил слаб, велат упатенените, а во светот се најавува нов бран на поксапувања на оваа култура поради временските непогоди во Кина.
Ефтим Шаклев од Асоцијацијата на земјоделци вели дека цената на пченицата се движи од 16 до 18 денари по килограм, зависно од квалитетот.
Скоро целата пченица е продадена, има само некои мали количини, така што верувам дека ако продолжи овој тренд со пченицата, верувам дека ќе резултира со поскапување и на брашното и на
лебот.


„Меѓутоа немаме количини кај приватниот сектор бидејќи скоро целата пченица е продадена, има само некои мали количини, така што верувам дека ако продолжи овој тренд со пченицата, верувам дека ќе резултира со поскапување и на брашното и на лебот.“

Се преговара со владата за интервенција со стоковите резерви. Овие резерви се користат во случај на воена состојба, вонредна состојба, елементарни непогоди, еколошки катастрофи, како и при поголемо нарушување на пазарот. Сепак, отворањето на резервите само привремено го решава проблемот со ценовните шокови. За да не се увезува поскапување од надвор, земјава треба да произведува повеќе пченица, вели Шаклев:

Лебот урива рекорди?

„Меѓутоа тоа е веќе завршена работа, површините се веќе насеани и нема никакви теоретски шанси да се зголемат тие површини и да се зголеми ние
Да, би требало да се интервенира со стоковите резерви, но не се знае дали и тие ќе бидат доволни.
имаме површини од 100 до 150 хектари секоја година се засејуваат и се знае приходите колку се. Нам ни недостасува околу една третина која ја увезуваме.“

Дополнителен проблем е што родот годинава бил слаб, па спорно е колку ќе може да помогне отворањето на резервите, вели првиот човек на здружението на земјоделци „Клас“ од пелагонискиот регион Нетан Блажевски.

„Да, би требало да се интервенира со стоковите резерви, но не се знае дали и тие ќе бидат доволни бидејќи годинава беше лоша есенската сеидба и нема ни доволно посеано површини со пченица и други житни култури.“

Производството на пченица е скапо и потребна е помош, додава Блажевски

„Треба да е интервенира и со нафта, вештачки ѓубриња да се намалат цените, не се исплаќаат тие суми.“

Инаку евентуално ново поскапување на лебот би се „накалемило“ на веќе нараснатата цена на овој елементарен производ. Неодамна цената скокна за два денари.
XS
SM
MD
LG