Достапни линкови

Насилство меѓу младите


Деца во училишен двор
Деца во училишен двор

Долготрајната транзиција која наметна сериозни проблеми во општеството, според експертите, предизвика и асоцијално однесување меѓу младите. Тепачки во автобуси, во училишта...

Насилството се толерира во општеството, а присутно е и во медиумите, тоа ги преплавува децата. Во тие улови тешко е да се борите против него, изјави професорот по криминологија Стефан Буџаковски. Она што го видовме во хемиското училиште беше како на филм. Училиштата ги претворивме во место каде што наместо да се едуцираат учениците се плашат и во такви услови не може да се постигнат резултати. Нема ниту еден изговор да ја
Не само имиџот на училиштето, туку го нарушува и имиџот на наставниците и на родителите и најмногу на децата.
свртиме главата во друг правец кога ќе видиме дека некои деца станале насилни, а други страдаат поради тоа, изјави професорот по криминологија Стефан Буџаковски:

„Не само имиџот на училиштето, туку го нарушува и имиџот на наставниците и на родителите и најмногу на децата, бидејќи тие најмногу ќе ги почувствуваат негативностите во однос на нивниот развој, бидејќи подоцна тоа ќе ги покаже своите негативности.“

Наместо со пенкала, учениците почнаа да ракуваат и со ножеви.

СОНК со соопштение побара од одговорните во сите училишта, единиците на локалната самоуправа, ресорното министерство и од семејствата, да вложат дополнителни напори во правилно насочување на младата генерација, но и навремено изолирање на поединци кои имаат асоцијално однесување. Овој настан, се вели во соопштението од синдикатот, иако е изолиран случај, треба да биде сфатен многу сериозно. Горица Илиоска, професор во средно училиште во Скопје со податок дека голем број наставници сметаат дека асоцијалното однесување кај младите е интензивен проблем:

„И очигледно дека треба многу повеќе да им обрнеме внимание, владата, градочалниците, да обрнат повеќе внимание на училиштата. Не во поглед на проекти коишто само треба да се донесат готови во училиштата, без да се
Негативните однесувања на младите што се случуваат последните десетина години по транзицијата, се под силно влијание на општествените
фактори.
праша онаа маса на просветни работници што работат со децата, што им е најпотребно.“

Десетина маскирани влегоа во училишниот двор. Професор и пет ученици се повредени во нападот. Инцидентите не се реткост во скопските училишта. Согледувањето на резултатите од внесување камери и обезбедувања покажуваат дека е остварен делумен успех, но меѓу учениците нема ефект. Тепачки се случуват и во автобусите. Според некои согледувања внимение треба да се обрне и на ставовите на наставниците кои сметаат дека нема ништо подобро од казна.

„Камерите не го решаваат ова, негативните однесувања на младите што се случуваат последните десетина години по транзицијата, се под силно влијание на општествените фактори.“

Искоренувањето на насилството е системски проблем и треба да се менува свеста на родителите и на севкупното опкружување, вели Буџаковски.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG