Достапни линкови

Помор на пчелите во Дебарско


Пчелари од дебарскиот крај
Пчелари од дебарскиот крај

Пчеларите во општините Дебар и Центар Жупа во последно време се соочуваат со проблемот на помор на пчели. Болест или загадување на животната средина?

Пчеларите велат дека над 50 отсто од пчелните сандаци се полупразни.
Во организација на здруженијата на пчеларите од општините Дебар и Центар Жупа, „Матица“ и „Апи култура“ е одржана средба на пчеларите на која тие побараа од Министерството за земјоделие да се преземат мерки со испраќање на експерти за да се утврдат причините за поморот и исчезнувањето на пчелите од пчелните сандаци.
До есента пчелите беа добри, донесоа принос, но кога зимово отидовме да ги прихраниме, голем дел од пчелите ги снема од кошниците. Значи веројатно пчелите се болни, изгледа има некоја нова
болест.


„До есента пчелите беа добри, донесоа принос, но кога зимово отидовме да ги прихраниме, голем дел од пчелите ги снема од кошниците.
Значи веројатно пчелите се болни, изгледа има некоја нова болест или од некаде е некоја зараза и затоа бараме од институциите да ни се помогне да се направат анализи и да ги спасиме другите пчелари кои сеуште немаат штета“, истакнува пчеларот Ирфан Устеленца.


И во најголемото село Могорце пчеларите се жалат на помор на пчелните семејства.

Дилебер Демовски подвлекува дека брзо треба да се реагира за утврдување на причините за да нема поголеми штети:

Бараме од министерството за земјоделство да се види што е причината, дали е болест или загадување на животната средина бидејќи се случува нешто чудно.

„Бараме од Министерството за земјоделство да се види што е причината, дали е болест или загадување на животната средина бидејќи се случува нешто чудно.“

За претседателот на здружението на пчелари „Матица“, Блаже Петревски, кој инаку е еден од најпознатите производители на органски мед, состојбата е мошне алармантна:

„Некои болести се уште не се испитани во нашиот регион, а и летниот период кој беше доста сушен и недостасуваше и прихрана на пчелите во втората половина на месец јули и август, тие две причини мислам дека доведоа до помор на пчелите што се случува денеска“, вели Петревски.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG