Достапни линкови

Куманово прв гасифициран град


Од поставувањето на гасот во Куманово
Од поставувањето на гасот во Куманово

Продолжува гасификацијата на објектите во Куманово. Гасот најпрво протече во Домот за стари лица во градот, а продолжува приклучувањето и на училиштата, градинките, спортски објекти...

Гасификацијата на Куманово, која пред два месеца стартот го означи со првиот приклучок во Домот за стари лица „Зафир Сајто“, овој месец ќе продолжи со вклучување на останатите планирани и подготвени институции, вели Момчило Мирчевски директор на локалното јавно претпријатие „Куманово-гас“.
Беше тешко, бидејќи ние во РМ немавме ништо околу гасна техника, ни правилници, ниту технички, правни регулативи и сето тоа помина преку нашиот грб. Две години изгубивме додека сето тоа се среди


„Можеби овие денови ќе биде приклучена и Детстката градинка „Синоличка, еден од шестте клонови на Градинката „Ангел Шајче“. Набавени се котли за општинската зграда, за ЈП „Водовод“, за ЈП „Чистота и зеленило“. Тоа ќе заврши до крајот на јануари. Одиме на поголеми потрошувачи кои трошат нафта, заради голема заштеда.“

Вели Мирчевски.
Процесот на гасификацијата ќе продолжи во Гимназијата „Гоце Делчев“ и во двете основни училишта „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“, Градската библиотека „Тане Георгиевски“, Домот за детско творештво. Според Мирчевски најдоцна до крајот на март во гасоводниот систем ќе се вклучи и средното економско училиште со спортската сала. Изградбата на гасоводната мрежа траеше две години, инвестицијата од околу дваипол милиона евра е обезбедена од општинската каса.

„Немаме ни еден цент добиено од никаде, а досегашната инвестиција е само од буџетот на
Гасот најпрво протече во Домот за стари лица во Куманово
општината.“

На заокружувањето на овој проект му претходел и период за кој Мирчевски раскажува:

„Беше тешко, бидејќи ние во РМ немавме ништо околу гасна техника, ни правилници, ниту технички, правни регулативи и сето тоа помина преку нашиот грб. Две години изгубивме додека сето тоа се среди.“

За приклучување на приватните станбени и деловни објекти:

„За нив ни е неопходна станица која со тендер најдоцна за два месеца ќе започне. Прво, станбените блокови на Булеварот „Октомвриска револуција“ и „Трета МУБ“.
Нашите корисници (164 лица), мислат дека многу им е попријатно и потопло и се презадоволни од условите во зимските денови. Овој енергенс како поевтин ќе помогне нашите средства што беа предвидени за комунални трошоци


А цената за приклучокот на овие корисници на гасот ќе биде околу 800 евра со ДДВ, со поволност за отплата на 24 рати. За безбедноста од гасот на што кумановци најчесто се сомневаат Мирчевски вели:

„Безбедно е, бидејќи имаме дипломирани инженери кои беа на обуки во Србија, Бугарија, Словенија, а гасот се користи во цел свет. Во Европа само Косово, Албанија и Македонија не се гасифицирани.“

Мирјана Атанасовска, директор на Домот за стари лица
За забрзано гасифицирање на Куманово неопходна е финансиска инјекција од страна, оти доколку остане на товарот на општинската каса периодот ќе трае околу пет-шест години, со помош, двојно помалку.
Во првиот корисник на овој поефтин и природен енергенс Мирјана Атанасовска директор на Домот за стари лица „Зафир Сајто“ вели:

„Нашите корисници (164 лица), мислат дека многу им е попријатно и потопло и се презадоволни од условите во зимските денови. Овој енергенс како поевтин ќе помогне нашите средства што беа предвидени за комунални трошоци во однос на екстра лесно гориво што го користевме претходните години ќе ги пренамениме за доопремување на домот, за изградба на лифт и со тоа ќе се подобрат условите во оваа институција“.

Вели Атанасовска.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG