Достапни линкови

Уривање на старите куќи во Охрид


Уривање на старите куќи во Охрид
Уривање на старите куќи во Охрид

Локалната самоуправа во Охрид започна со уривање на старите руинирани куќи кои го нарушуваат изгледот на градот.

Охридската локална самоуправа почна да ги урива старите руинирани куќи низ градот, кои го нагрдуваат ликот на Охрид и се небезбедни за граѓаните кои живеат околу или поминуваат покај нив. Со акцијата во која до нова година треба да бидат срамнети со земја 16 сронати куќи од кои зјаат празни прозорци, искршени греди, немаат ѕидови и тавани и повеќе личат
Од тие 16 издадени решенија, осум се веќе извршени, самите сопственици, кои се и по закон должни да ги урнат објектите, ги урнаа и останаа осум за уривање. Но, постапката е доста проблематична и долга, бидејќи се задолжуваат и чекаат сопствениците на куќите сами да го извршат
уривањето.
на сцени од хорор филмовите отколку на живеалишта, Охрид ги расчистува лошите слики во повеќе делови на градот, а граѓаните можат да здивнат од опасностите кои демнат од нив.

„Од тие 16 издадени решенија, осум се веќе извршени, самите сопственици, кои се и по закон должни да ги урнат објектите, ги урнаа и останаа осум за уривање. Но, постапката е доста проблематична и долга, бидејќи се



задолжуваат и чекаат сопствениците на куќите сами да го извршат уривањето, тие не го прават тоа, и ние согласно законските прописи, ја преземаме таа обврска, и ги уриваме“, вели Танас Танасоски, раководител на општинскиот инспекторат во Охрид, под чиј надзор уривањето на старите куќи го извршува градежната фирма „Лоте компани“.

Тие, работата ја добија на тендер зашто имаат соодветна механизација. Општината, објектите ги урива и го крева градежниот шут со свои средства, што зависно од нивната големина чини од 4 до 12 илјади евра, кои потоа сопствениците ќе треба да ги надоместат со спогодба или по судски пат.

„Некои од овие објекти беа легло на наркомани, а градот навистина е страшно нагрден од нив. Постојат многу вакви куќи,колку ќе урнеме зависи од расположливите финансиски средства, доколку тие се обезбедат, тогаш комплетно ќе се уриваат сите вакви објекти во Охрид. Освен 16-те првично издадени решенија за уривање, досега имаме поднесено пријави за 48 вакви објекти, сместени низ целиот град“, вели Танасоски.

Тој подвлекува дека проблеми со уривањето има кај објектите со повеќе сопственици или ако тие се во странство, од кои е потребна согласност, а поради конфигурацијата на теренот се очекува акцијата потешко да оди и во стариот дел на Охрид. Стручњаците од заштитата на културното и природно наследство, постојано апелираат за сочувување на автентичниот препознатлив лик на Охрид, како град кој 30 години е на листата на светски заштитените наследства на УНЕСКО, наспроти изразената урбанизација и негово деградирање со нови гломазни објекти, нелегални градби и доградби, од кои не е поштеден ниту стариот Охрид. Стручњаците повикуваат на разумни и соодветни урбанистички решенија, посебно за централното подрачје и старото градско јадро, за кои сега се изготвуваат нови планови.
XS
SM
MD
LG