Достапни линкови

,,Slow food" наспроти ,,Fast food"


Македонска храна
Македонска храна

Производство на бавна храна како пандан на брзата е можност за зачувување на традицијата, но и за заработувачка.

Козјачко-пчињскиот регион е еден од идеалните за тоа во државава. Јадења готвени на дрва во за тоа специјални глинени садови, какви што ги готвеле нашите претци од земјоделски култури без пестициди, можат да бидат здрава храна, но и бренд, вели Италијанецот Филипо Унтерхофер, претседател на Конвивиумот „Слоу Фуд“. Според него, изработка во мали количества на месни производи од малубројни примитивни свињи, или пак вино од винови лози стари по повеќе од половина век кои не се на шпалир, исто така се можност за бренд, кој ќе се презентира во Европа.
Добивме идеја да промовираме стари производи од стари сорти лозја и од примитивна свиња, бидејќи тука има села во кои таква свиња сеуште се одгледува


„Во североисточниот регион забележавме дека традицијата се почитува. Почнавме со Кратово, со толчена сол, производ што го промовиравме на еден саем во Италија.“

Претставници од организацијата ,,Slow food,,
Поради тоа од „Слоу Фуд“ контактирале и со локалната самоуправа на Старо Нагоричане.

„Добивме идеја да промовираме стари производи од стари сорти лозја и од примитивна свиња, бидејќи тука има села во кои таква свиња сеуште се одгледува.“

Вели Унтерхофер.Тој додава дека преку домашни колбаси, чварки, кои се препознатливи за идентитетот на овој крај, може да се направи бренд за колбас „нагоричанка“. А од искуството на „Слоу Фуд“ има можности и за вработување.

„Идејата е токму тоа. Не да има еден голем инвеститор кој ќе даде работа на малку луѓе, туку да се креира бренд кој локалната заедница ќе го користи и луѓето да можат да живеат од тоа. Ако не да живеат барем да се интегрираат.“
Идејата е токму тоа. Не да има еден голем инвеститор кој ќе даде работа на малку луѓе, туку да се креира бренд кој локалната заедница ќе го користи и луѓето да можат да живеат од тоа. Ако не да живеат барем да се интегрираат


Целта на „Слоу Фуд“ имено е заштита на биодиверзитетот.

„Ние велиме храната треба да биде добра, чиста без хемикалии и да има бренд.“

А за ХАСАП системот Унтерхофер вели дека тој е за индустрија, не е за мали производители.

„Меѓутоа, ретко кој кажува дека има борба во ЕУ, затоа што ЕУ не може да воведува ХАСАП на локални производи.Тоа е голема грешка.“

Унтерхофер објаснува:

„Не може една жена која има две крави да прави кашкавал и да биде по ХАСАП. Ние пак аплицираме и модерни системи на контрола. Затоа работиме во лаборатории на Земјоделскиот факултет. На пример за сирење во дрвени каци ќе правиме анализи за неговата безбедност.“

За почеток угостителскиот и туристичкиот комплекс „Етно село“ лоциран во селото Младо Нагоричане со традиционалната храна и автентичен амбиент за кусо време стана атракција за посетители од земјава, но особено за гости од соседна Бугарија, Србија, па и од други земји кои транзитираат. Сопствениците на комплексот Среќко и Горан Димитриевски секојдневно работат на што подобро опремување на комплексот, но и на создавање место кое на посетителот ќе му ги покаже корените на луѓето од овој крај. Среќко вели дека тоа е нивна семејна традиција која ја наследиле и сакаат да ја зачуваат, пренесат на младите, да ја покажат на странците. Така, виното „Ружица“ на пример, е нивен бренд.

„Тоа лозје е старо 60-70 години, не е на шпалир, туку на гиџи. А е и од стари сорти, „нишевка“,„стар кардинал",„стар жолт прут.“

За ХАСАП Среќко вели:

„Ние имаме мала количина на ова и поминуваме, но за поголеми потреби имаме вино и од големи винарии.“

Местоположбата има свое влијание по што производството во козјачко-пчињскиот регион се разликува од останатите.
А посетителите кои наминуваат или пак и по неколку денови остануваат во „Етно село“ не пропуштаат да ја посетат Мегалитската опсерваторија Кокино, Музејот АСНОМ, црквата „Свети Ѓорѓи“ во Старо Нагоричино, да прошетаат по околината и да се заинтересираат и за останатите атрактивни туристички локации, на кои се сместени и археолошки локалитети,но и бројни културно-историски споменици.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG