Достапни линкови

Ваши коментари


Интервјуто со командатот на НАТО штабот во Скопје Давид Хумар, партизацијата на администрацијата, можноста за предвремени избори... најкоментарани теми на нашиот веб сајт.

Скопската редакција на Радио Слободна Европа направи телевизиско интеревју со генерал Давид Хумар, командант на Штабот на НАТО во Скопје и висок претставник на Алијансата во Македонија, во кое тој го позитивно го оценува придонесот и учеството на АРМ во мисиите на Алијансата во Авганистан и претходно во Ирак, но го повторува и познатиот заклучок од Самитот во Букурешт - условот за нашето зачленување во неа - постигнувањето компромис за проблемот со името.

Ова не му се допаѓа на редовниот слушател и пишувач на пораки, Орце од Велес, кој смета дека сите биле лицемери и потсетува на Привремената спогодба потпишана во Обединетите нации со која Грција се обврзува да не го блокира членството на Македонија во меѓународните организации. Орце смета дека и новинарот немал храброст за провокативни прашања и додава: „Господа новинари, битката не ја водат само политичарите“.

Нашиот текст за партизацијата на државата, поточно на администрацијата, им се допаднал на 33 посетители на нашата веб страница, ама се чини, ги фатило мрза да пишуваат.

Повеќемина наши слушатели го искажале своето мислење и за темата број 1 во изминатата недела, за предвремени избори. Гоце Македонски од Ресен, Македонија, смета дека во оваа ситуација предвремени избори не би требало да има затоа што државата ќе се изложела на дополнителен трошок поради претстојниот попис на населението. Тој смета дека на изборите повторно би добила владејачката партија, но можеби не со волкаво мнозинство во Парламентот и поставува едно контрадикторно прашање. Вели, господин Црвенковски бил горд што чекорел со вакви луѓе (веројатно мисли на илјадниците граѓани што маршираа низ скопските улици) но дали тие биле горди на него и смета дека Црвенковски бил виновен за тешката економска ситуација на народот.
И редовниот Миле од Охрид смета дека СДСМ сакал да дојде на власт со помош на меѓународната заедница и дека тоа би било октроирана влада само за возврат, како што пишува, да го продадела името на државата. Васко од Скопје се лути на ЛДП за која вели дека и со ѓаволот би саделе тикви само за да бидат против БЦ, како што пишува, и затоа имаат 0,01 процент гласови.

Како за крај, еден по малку смешен дијалог меѓу двајца слушатели. На нашиот текст за увозно зависната македонска економија, СМК од Скопје пишува дека треба да се зачлениме во неврзаните и дека само така ќе сме дошле до решението за името, а Димитар од Скопје му одговара: „И ај, жив ти мене, објасни ми каква директна врска има твојов коментар со текстов?“. Дали Димитар ќе добие одговор, не знаеме.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG