Достапни линкови

40 години Факултет за туризам


Охрид
Охрид

Промоција на туризмот во Охрид, образование на кадри од сферата на туризмот за целата земја, над 13 илјади запишани студенти-Факултетот за туризам од Охрид слави 40 годишен јубилеј.

Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, кој почна со работа во 1970-тата година со 120 студенти како виша туристичко-угостителска школа и само еден доктор на науки, 40 годишниот јубилеј сега го слави со 13 илјади запишани студенти и 36 доктори на науки во редивен работен однос од повеќе струки. Оваа прва високобразовна научна институција во државава што образува кадри од сферата на туризмот, освен оваа базичната настава и
За развојот на туризмот посебно годинава придонесе отворањето на новата студиска програма за гастрономија, диететика и исхрана, за која сметаме дека навистина ќе биде важна и во иднина бидејќи е насочена кон здравствениот туризам
хотелско-ресторанска насока, има насоки за царина и шпедиција, осигурување, новата гастрономска според светските трендови и безбедност и финансиска контрола во соработка со факултетот за безбедност од Скопје.

,,За развојот на туризмот посебно годинава придонесе отворањето на новата студиска програма за гастрономија, диететика и исхрана, за која сметаме дека навистина ќе биде важна и во иднина бидејќи е насочена кон здравствениот туризам и кон здравата исхрана на што современиот свет посебно внимание посветува денес."

Охрид
Вели Лидија Симонческа, продекан на Факултетот за туризам, кој е истина десет години постар од матичниот државен универзитет "Свети Климент Охридски" во Битола, како еден од неговите основачи. Факултетот кој работи во најголемиот туристички центар во државата има соработка со туристичкото стопанство, но неговите потенцијали можат уште повеќе да се искористат, порачуваат професорите.

,,Со институциите на државно и локално ниво веќе воспоставуваме нормални односи. Учествуваме во многу проекти, како е што е актуелната ревизија на стратегијата за развој на туризмот во Македонија, а се надеваме дека тоа ќе
Соработуваме со бројни институции во светот и посебно од Европа во областа на истражувањето на туристичките движења
се врши и на општинско ниво. Сметам дека во сите сегменти на општеството е неопходно стручните кадри да си го најдат своето место. Факултетот во таа насока е истраен и не пропушта прилика да даде сугестии, да критикува, но и да пофали."

Вели Науме Мариноски, еден од постарите професори на ФТУ.

,,Многу од нашите истражувања се не само во локални туку и во меѓународни рамки. Соработуваме со бројни институции во светот и посебно од Европа во областа на истражувањето на туристичките движења."

Вели Сашо Коруноски, декан на Факултетот за туризам во Охрид, каде сега особен интерес има за последипломските мастер студии, а наскоро се очекува да се воведат и докторски студии според Болоњскиот процес.
XS
SM
MD
LG