Достапни линкови

Несреќите во Охрид изолирани случаи


Охрид
Охрид

Инцидентите со потонувањето на бродот Илинден и смртта на српскиот турист од претепување, се изолирани настани што не смеат да бидат репер за безбедноста во Охрид.

Инцидентите од минатото лето со потонувањето на бродот Илинден, кога имаше петнаесет жртви бугарски туристи и тој на крајот од оваа сезона со смртта на српскиот турист од претепување, се изолирани настани што не смеат да бидат слика и репер за безбедносната состојба во Охрид како најголем туристички центар во државава, што беше прогласен за град на љубезноста. Ова е констатација на туристичките стопанственици и стручњаците од туристичката наука, кои ги истражуваа влијанијата на факторите врз туризмот.
Немилите настани сигурно дека ќе имаат последица во поглед на гостопримството, но сметам дека сепак тие се изолирани случаи и дека не треба многу да им се дава внимание, бидејќи тоа го има во сите средини каде има конгломерат на различни култури, сваќања на животот дури и криминогени однесувања


,,Немилите настани сигурно дека ќе имаат последица во поглед на гостопримството, но сметам дека сепак тие се изолирани случаи и дека не треба многу да им се дава внимание, бидејќи тоа го има во сите средини каде има конгломерат на различни култури, сваќања на животот дури и криминогени однесувања. Во тој поглед мислам дека ова беа само некои несреќи што ни се случуваат и инцидентни ситуации кои во наредниот период се надевам дека ќе ги елиминираме."

Вели Науме Мариноски, професор на Факултетот за туризам во Охрид, кој смета дека сите структури заедно како систем треба да пристапат кон надминување на проблемите со безбедноста на гостите,за што општината побара децентрализација на полицијата за поголема ефикасност и формирање на локална полиција.

,,Важно е во која мерка институциите на државата, туристичките и невладините институции, граѓаните и сите други чинители прават напори за одржување висок степен на безбедност и безбедносна култура,како еден од основните услови за доаѓање на гостите. Затоа што секој гостин одлучувајќи за туристичкото патување се интересира за безбедносните карактеристики на местото, посакува да се одмори и здрав и жив да се врати во својот дом."

Вели Пере Аслимоски, стручњак за безбедност во туристичката наука, каде сметаат дека таа е значаен елемент во гостопримството и влијателен фактор за туристичката посетеност, што се смета за национална одлика на Македонските граѓани со голема традиција на овие простори.
Охрид и регионот хронично прават грешки, пропуштајќи ја секогаш можноста за добро позиционирање и претставување на своите потенцијали


,,Ние се гордееме со таа вековна традиција и титулата на Охрид како град на гостопримството е сосем заслужена. Немилите настани кои секаде се случуваат се исклучоци, а правилото е дека Охрид е исклучителен град каде традиционално гостопримството се ужива и секој кој заминал бил задоволен од престојот во него. Треба сите да помогнеме да се надмине оваа ситуација."

Вели Сашо Коруноски, декан на ФТУ во Охрид, кој смета дека реткото природно и културно наследство по кое на далеку е познат Охрид не е доволно за привлекување на гостите, туку тоа треба убаво да се спакува како туристички производ и да се продаде со приказната за Охрид, што не треба да се измислува,туку само да се искористи и пласира.

,,Има опасност овој регион, туристички богат со исклучителни човечки и природни потенцијали, да биде заобиколен од туристите желни за што пократко време да видат и добијат што повеќе. Охрид и регионот хронично прават грешки, пропуштајќи ја секогаш можноста за добро позиционирање и претставување на своите потенцијали, само затоа што не ги ослушнуваат потребите на туристите во светот. Тие сакаат да се запознаат и со културните, и историските вредности, и не е само езерото,морето и снегот тоа шт носи туристи. Тоа е веќе минато. Туризмот е приказна, настан, доживување и авантура, што носи нови туристи и големи приходи, и се осмислува со години однапред."

Вели Драган Глигориевиќ претседател на Меѓународниот центар за развој на туризмот и угостителствто во ЈИЕ, кој смета дека Охрид е хит дестинација и бисер на светскиот туризам, што недоволно се промовира и треба по урнекот на Дубровник да се пласира како скапоцен камен во туристичката понуда не само во соседните земји, туку и надвор од нив, преку комбинирана понуда со други атрактивни дестинации. За културниот, верскиот, конгресниот и другите видови туризам и гастрономијата, неодамна се расправаше на меѓународната конференција "Охридски денови на гостопримството и туризмот во регионот на ЈИЕ."
XS
SM
MD
LG