Достапни линкови

Мариово отцепено од цивилизацијата


Мариово
Мариово

Речиси непрооден стана земјениот пат за битолскоиот дел на Мариово, кој е единствената сообраќајна врска за петте села Груништа, Старавина, Градешница, Будимирци и Зовиќ.

Од Битола до најодалеченото мариовско село има пат долг 52 километри, од кои 37 километри до село Рапеш, се асфалтирани одамна. Неасфалтирани останаа уште 12 километри кои сега се толку запуштени и неодржувани што одвај се минуваат. Околу 300 жители на овој крај стравуваат дека ќе останат отцепени од цивилизацијата, а други 3000 битолчани кои потекнуваат од Мариово дека нема да можат да ги посетат родните села, пчеларниците, расадниците. Бидејќи се работи за регионален пат тие бараат од државата да стави асфалт и да не дозволи да замре животот во Мариово.
Димитар Ристевски од село Груништа вели:
Да се догради тој пат, доволно е и со димензии за локален пат со три метри асфалтна лента. Тоа би чинело еден милион евра. Патот е сега под макадамска подлога и последниве години бидејќи беа многу дождливи и поради ненавремени интервенции врз него, моментално е скоро непрооден.


„Tаа километража не претставува потешкотија за државата. Да се догради тој пат, доволно е и со димензии за локален пат со три метри асфалтна лента. Тоа би чинело еден милион евра. Патот е сега под макадамска подлога и последниве години бидејќи беа многу дождливи и поради ненавремени интервенции врз него, моментално е скоро непрооден. Не може пеш да се оди, а не пак со патничко или товарно возило. Илјада километри квадратни не се врзани со цивилизацијата. Последниот метар асфалт е ставен од 2002 година, од тогаш наваму дури не се става ни чакал.“

Поради ваквите услови најверојатно ќе се затвори и единствената продавница во село Старавина, која со намирници и леб ги снабдува сите пет села.

„Нема пат, не можам продавницата да ја снабдам со прехранбени производи. Ако ја откажам што ќе правиме, ќе останеме без шпирт, леб, ориз“, се жали Перо Шинтевски.
Тројца живееме во селото без пат и струја. Не можеме ни храна за стоката да донесеме, ни крава во кланица да однесеме.


Ако денес нешто успева во Мариово, тоа е сточарството. Се одгледуваат неколку стотици грла овци. Но и сточарите се на мака со патот. Најдо Калешковски од Груништа вели:

„Тројца живееме во селото без пат и струја. Не можеме ни храна за стоката да донесеме, ни крава во кланица да однесеме. Не можеме никако да ја пласираме стоката.“

Ако не се подобри сообраќајната врска многу природни ресурси ќе останат неискоритени. Тоа се водениот потенцијал на Црна и други реки, 14 илјади хектари квалитетни шуми, два милиони кубни метри дрвна маса, прекрасни предели за развој на туризмот.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG