Достапни линкови

Интервју: Ки Мун за проширување на СБ на ОН


Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун
Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун во интервју за Радио Слободна Европа изјави дека е за зголемување на бројот на постојаните членки на Советот за безбедност. Според него, ваквото мислење преовладува и меѓу членките на Светската организација.

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун во интервјуто за Радио Слободна Европа дадено на маргините на самитот на ОБСЕ во Астана, Казахстан, запрашан за иднината на Обединетите нации и реформата на Советот за безбедност, односно можното зголемување на бројот на постојаните членки на оваа тело што неодамна го сугерира и американскиот претседател Барак Обама изјави:

,,Постои заедничко мислење меѓу земјите членки на Обединетите нации дека Советот за безбедност би требало да се реформира, односно да стане потранспарентен, порепрезентативен и подемократски со оглед на големите и значајни промени што се случија во последниве шест децении. Државите членки за тоа интензивно разговараат. Би рекол дека постои едногласно мислење за реформа на Советот.,,

Вели Бан Ки Мун, наведувајќи дека Генералното собрание веќе ги започнало неформалните разговори на таа тема и оти се надева дека набргу ќе се најде формула која ќе биде прифатлива за сите.
Како генерален секретар, но и лично сметам дека Советот за безбедност треба да се прошири за да одговори на предизвиците на 21 век. Тоа е она за што се залагаат повеќето членки на Обединетите нации.

,,Како генерален секретар, но и лично сметам дека Советот за безбедност треба да се прошири за да одговори на предизвиците на 21 век. Тоа е она за што се залагаат повеќето членки на Обединетите нации. Но проширувањето треба да биде направено на потранспарентен и подемократски начин.,,

Во интервјуто за Радио Слободна Европа што го водеше Једиге Магауин, генералниот секретар Бан Ки Мун беше запрашан и во врска со доверливите американски информации објавени на веб страницата Викиликс, а кои се однесуваат и на барањето на Стејт департментот да бидат собирани биометриски податоци за него и неговите соработници во седиштето на Обединетите нации во Њујорк:

,,Во основа не верувам дека некој би бил среќен кога ќе дознае дека бил под нечија присмотра. Како генерален секретар знам дека мојата работа е транспарентна и под постојан поглед на меѓународната заедница. Од друга страна сите членки на Обединетите нации мора да се придржуваат на постојните конвенции и да ги почитуваат имунитетот на Организацијата.,,

Генералниот секретар се осврна и врз последните барања до Вашингтон да ја пресиспита својата политика спрема Техеран и да му го признае правото на збогатување ураниум под меѓународна контрола. Запрашан дали е време за промена на политиката Бан Ки Мун вели:

,,За ова повеќе пати разговарав со иранското раководство, вклучувајќи го и претседателот Ахмадинеџад. Ургирав да ги почитуваат релевантните резолуции на Советот за безбедност и да соработуваат со Меѓународната агенција за атомска енергија.Сите држави кои се дел од Спогодбата за нуклеарно разоружување имаат право на употреба на нуклеарната енергија за мировни цели. Неодамнешниот извештај на Меѓународната агенција за атомска енергија потврдува дека Иран не ги исполнува критериумите. На иранските власти е да докажат дека целта не им е воениот, туку мировниот аспект на употребата на нуклеарната енергија.,,

Вели, меѓу другото, генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун во екслузивното интервју за Радио Слободна Европа.

Бан Ки Мун е за проширување на СБ на ОН
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:11 0:00
Директен линк
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG