Достапни линкови

Предметите за корупција, без завршница?


Според Антикорупциската комисија бавноста на системот причина за тоа што предметите за корупција не добиваат разрешница.

Се чини дека потезите на Антикорупциската комисија која е едно од главните тела за борбата против организираниот криминал не успеваат да го потиснат впечатокот дека битката против злоупотребите на службената должност и ненаменското трошење државни пари, губи на својата тежина. Ситуацијата е непроменлива од минатата година кога беа поднесени повеќе иницијативи кои не доживеаја завршница. Претседателот Илми Селами кој деновиве имал заеднички состанок во Јавното обвинителство во однос на приватизацијата на Македонски Телеком, за што уште во 2003 година беше поведена иницијатива за постапка, а нема информација, замолил да се забрза постапката и за многу други предмети:
Тие велат дека и другите институции кои што се обврзани да го сервисираат со информации Јавното обвинителство, многу тешко и споро функционираат. Значи може да констатираме дека системот е многу спор


,,Тие велат дека и другите институции кои што се обврзани да го сервисираат со информации Јавното обвинителство, многу тешко и споро функционираат. Значи може да констатираме дека системот е многу спор, целиот систем кога ќе се затвори кругот на истражните постапки и треба да направиме нешто како држава за скратување на тие постапки за да можат овие предмети конечно да имаат епилог."

А дека корупцијата е присутна покажуваат и неколку најнови примери. Антикорпциска комисија повела иницијативи за поведување постапка за кривично гонење на градоначалниците на Сопиште и на Шуто Оризари, откако во документацијата утврдила неправилности во постапките за избор на фирма за изведување на градежни работи кои што на Комисијата и дале сомнеж за тенденции на постапки за остварување корист. За овие два случаи претходно информираа и медиумите. Школски пример како не треба да се водат постапки бил виден и во работата на директор на јавно претпријатие од Куманово каде биле констатирани набавки на производи и вработувања спротивно на законите. Освен Антикорупциската комисија во изминатиов период имаше иницијативи дадени од Државниот завод за ревизија, а исто така свои иницијативи имаше од Управата за спречување на пари. Зошто иницијативите на специјализираните тела, не доживуваат завршница. Една од причините може да биде дека е лошо подготвена
Третата причина може да се рече дека преставува инсуфициентноста на капацитетот на некоја државата за борба со овие форми на криминалитет
иницијативата значи да се бара вина и да се бара одговорност во начинот или квалитетот на подготвување на иницијативата, смета професорот Никола Тупанчевски:

,,Втората причина која што би можела да се претпостави за лошата завршница може да биде несоработката меѓу различните тела задолжени за борба со разните форми на криминалитет. Третата причина може да се рече дека преставува инсуфициентноста на капацитетот на некоја државата за борба со овие форми на криминалитет."

индекс на перцепција на корупцијата во светот
Можеби ова се некои причини кои недовеле до завршница, меѓутоа дефинитивно самото поведување на иницијатива, а незавршувањето на самата постапка навистина треба да биде загрижувачка за Македонија како држава која претендира да биде дел од европското семејство, вели Тупанчевски. Во меѓувреме Антикорпциска најави засилување на комуникацијата со Јавното обвинителство од каде добиле потврда за преземање обврска во делот на процесуирање по иницијативите и пуштањето писма да ја известуваат Антикорупциската комисија.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG