Достапни линкови

Етика на религии е веронаука?!


Општина Долнени
Општина Долнени

Од прилепското муфтиство на ИВЗ велат дека општината Долнени врши дискриминација воведувајќи го предметот Историја на религиите, наместо Етика на религиите што е вистинска веронаука.

Локалнатата самоуправа во соработка со директорите на основните училишта во општина Долнени, го дискриминираат прилепското Муфтиство на ИВЗ. Последиците ги трпат учениците, па сега наместо предметот Етика на религиите, што е вистинска веронаука, учат Историја на религиите. Се остава впечаток дека во општината нема верници, само затоа што недоследно е спроведена постапката за анкетирање на родителите на крајот на минатата учебна година. Анкетирани се само дел родители на ученици од петто одделение, а и тие што се анкетирани, немаат доволно сознанија која е разликата меѓу трите изборни предмети: Етика на религиите, Запознавање на
Дискриминацијата во Општина Долнени, значи не ни овозможува нам како Муфтиство, како верници да се вратиме во тој образовен систем.
религиите и Класична култура во европска цивилизација, обвинуваат од прилепското Муфтиство.

Муфтијата Топаловски обвинува за дискриминација
„Дискриминацијата во Општина Долнени, значи не ни овозможува нам како Муфтиство, како верници да се вратиме во тој образовен систем. Бараме од Министерството за образование со нашето барање поднесено на 7.10.2010 година да се преиспита одлуката на директорите и повторно да се анкетираат родителите во Општина Долнени во сите училишта“, реагира муфтијата Мустафа Топалоски.

Тој тврди дека поради овој проблем, секојдневно во Муфтиството се жалат родителите на ученици речиси од сите долненски села: Дебреште, Лажани, Црнилиште, Ропотово... Тој тврди дека и таму каде што се изучува предметот Етика на религиите, наместо вероучители од ИВЗ, кои
Ако муфтијата сметал дека во училиштата треба да се учи етика на религиите тоа требало малку порано да се јави, да го организира. Ниту ние, ниту тој, ниту директорот, тој е изборен предмет по избор на родителите и никој немаме право да му се мешаме.
имаат сертификат од Министерството за образование предаваат наставници по социологија.

„Се поставува прашањето од верниците во Муфтиството на ИВЗ во Прилеп, значи како може тоа да се случи, во Општина Долнени нема верници, што значи се дискриминирани од Локалната самоуправа и од директорите во Општина Долнени во основните училишта.“

Но, овие обвинувања на муфтијата Топалоски, ги демантира градоначалникот на Општина Долнени, Абдула Бајрамоски. Тој се оградува од проблемот и вели дека нема ингеренции да влијае врз родителите околу изборот на изборен предмет.

„Ако муфтијата сметал дека во училиштата треба да се учи Етика на религиите тоа требало малку порано да се јави, да го организира. Ниту ние, ниту тој, ниту директорот, тој е изборен предмет по избор на родителите и никој немаме право да му се мешаме“, дециден е градоначалникот на Долнени, Абдула Бајрамоски.

Тој објаснува дека целата постапка е релизирана законски, без никакви пропусти. Од друга страна, тој тврди дека од сите 7 централни и 20 подрачни училишта во Општината, единствено во основното училиште Лирија во Житоше, петтодделенците изучуваат Етика на религија, а наставникот е кадар на ИВЗ.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG