Достапни линкови

Навалување на припепската Саат кула


Прилеп, Саат кула
Прилеп, Саат кула

Навалувањето на Саат кулата во Прилеп продолжува. Прилепскиот Завод и Музеј чека на почеток на проектот за санација на проблемот.

Инклинацијата на Саат кулата во Прилеп продолжува. Тоа го потврдија последните истражувања според кои објектот во текот на изминатите 2 години се навалил за 2 милиметра. За да се спречи процесот на прогресивно наклонување на овој споменик на културата кој што датира од 1858 година, прилепскиот Завод и Музеј побара од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија да подготви проект. Идејниот проект за конструктивна консолидација е готов. Следната фаза е изработка на основен проект за санација, кој што треба да го финансира Министерството за култура со 3,5 милиона денари.

,,Добивме и начелна согласност дека ќе добиеме и средства за негова реализација, ама денот кога би почнал да се реализира, сепак тоа ИЗИИС го определува. Веројатно на тоа влијаат и атмосферските случувања."
Добивме и начелна согласност дека ќе добиеме и средства за негова реализација, ама денот кога би почнал да се реализира, сепак тоа ИЗИИС го определува. Веројатно на тоа влијаат и атмосферските случувања


Истакнува Гордана Данилоска Спироска, директорка на музејот. Првите мерења на Саат кулата се направени пред 14 години. Од тогаш до денес се прават нови мерења на секои две години, за да се следи состојбата.

Саат кулата во центарот на Прилеп
,,Вкупната височина на Саат кулата, заедно со крстот поставен горе е 38,76 метри. Отклонувањето според последите мерења оваа година е 854 мм, односно 85 сантиметри."

Информира Данилоска Спироска. За да се спречи прогресијата на навалувањето неопходно е да се постават потпорни ѕидови на објектот, кој што се наоѓа во центарот на градот, а е изграден на истото место каде што во 1854 година се наоѓала градската дрвена Саат кула, која истата година била опожарена, кога изгорел и голем дел од старата прилепската чаршија.

,,Се навалува кон онаа страна, каде што се наоѓаат скалите, зашто се тие мермерни и по целата висина на Саат кулата се. А, причината за
Се навалува кон онаа страна, каде што се наоѓаат скалите, зашто се тие мермерни и по целата висина на Саат кулата се
навалувањето е позната. Старите прилепчани знаат дека тука имало некогаш река, која е покриена, долу е песочно тло, и онаа тежина која ја носи саатот со целата своја конструкција и темелите доколку ги има, нормално во тој песок, во тој чакал-тонат."

Потренцира Данилоска Спироска.Саат кулата ја изградил познатиот прилепски мајстор, Петре Лауцо со својата тајфа. Овој објект има шестоаголна основа, со масивни делкани камени блокови со височина од 20, 5 метри и скелетен систем со дрвена конструкција.
Никој со сигурност денес, не може да каже кога точно започнало навалувањето на градскиот часовник. Но, оваа знаменитост на градот прилепчани сметаат дека може да се искористи и како туристичка атракција, па во шега велат: ако Пиза ја има кривата кула, тогаш и Прилеп може да се прочуе по својата искривена Саат кула.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG