Достапни линкови

Власта одговорна за името


Од последната средба меѓу Груевски и Папандреу
Од последната средба меѓу Груевски и Папандреу

Повеќето опозициони партии велат дека се залагаат за изнаоѓање решение за спорот, но потенцираат дека обврската е во рацете на Владата.

Речиси сите партии во земјава велат дека се залагаат за изнаоѓање на решение за спорот со името со Грција. Дел од нив ја обвинуваат владеачката партија ВМРО ДПМНЕ дека не ја користи моќта што ја има за да го реши проблемот. Во СДСМ велат дека не се чувствуваат повикани да коментираат по ова прашање, затоа што се надвор од процесот и без никакви информации.


Андреј Петров вели дека не може на база на шпекулации СДСМ да гради став.
Немаме ние намера да соопштуваме наш став во услови кога го нема официјалниот став на Владата на РМ, тоа е навистина нелогично да оној што ја води државата пет години, упорно да бега од сопствен став и да ги бара ставовите на останатите
фактори.


„Немаме ние намера да соопштуваме наш став во услови кога го нема официјалниот став на Владата на РМ, тоа е навистина нелогично да оној што ја води државата пет години, упорно да бега од сопствен став и да ги бара ставовите на останатите фактори.“

Роза Топузовска Карева од опозициската ЛДП вели дека сите партии се залагаат за постигнување компромис, но Владата е таа која само декларативно покажува интерес за решавање.

„Се е во рацете на ВМРО-ДПМНЕ и на Груевски тој има апсолутна власт во државата. Мислам дека сега е момент не само декларативно, туку навистина да пристапи кон решавање на проблемот неплашејќи се дали ќе изгуби два до три проценти од својот рејтинг.“

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ вели дека досега докажале дека работат постојано на исполнување на критериумите и решавање на спорот, но Грција е таа што не останува од своите позиции за да се изнајде решение. За обвинувањата на опозицијата тој вели дека тоа се само чисто дневна политичка манипулација.

„Работиме постојано и на исполнување на критериумите и на наоѓање на решение и немаме намера постојано да им одговараме на оние партии кои ниту еднаш не се дрзнаа да кажат како тие би го решиле проблемот. Можеби е подобро повторно да им се јавите и да ги
Се е во рацете на ВМРО ДПМНЕ и на Груевски тој има апсолутна власт во државата.
прашате како тие би го решиле проблемот, меѓутоа да бидат конкретни и прецизни во тие ставови, а не само да критикуваат.“

Тахир Хани од ДУИ вели дека се залагаат за компромисно решение, но тоа е многу чувствително прашање и пред се македонскиот блок партии треба да се изјаснат какво решение сакаат.


Иницијатива за прекинување на преговорите за името
„Во таа насока ни останува само да бидеме кооперативни, конструктивни и секако треба да се залагаме да не создаваме проблеми, освен ако нешто суштински не ни се допаѓа.“

Флора Кадриу од опозициската партија Нова демократија вели дека граѓаните и останатите политички субјекти немаат доволно информации за текот на преговорите, па затоа не може да говорат зошто се одвива бавно процесот.

„Нова Демократија смета дека и ДУИ како дел од владината коалиција, исто така не е проактивна во овој дел.“

Од коалиционата Демократска партија на Србите велат дека ќе застанат зад компромисно решение што ќе биде прифатено на референдум.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG