Достапни линкови

Нимиц оптимист за решение


Иванов - Нимиц
Иванов - Нимиц

Синоќа во Њујорк средба Иванов-Нимиц. Нов предлог нема, но медијаторот е оптимист дека дијалог на високо ниво може да донесе решение.

Од моја страна постои зголемено чувство на доверба дека проблемот може да биде решен со дијалог на многу високо ниво, меѓу водствата на двете земји, изјави посредникот на ООН Метју Нимиц по средбата со преседателот Ѓорге Иванов којашто се одржа доцна синоќа во Њујорк.
Чувствувам дека страните сега зборуваат меѓу себе за работи кои се во рамки каде може да се видат некои очекувања дека евентуално може да се најде решение на овој проблем


,,Чувствувам дека страните сега зборуваат меѓу себе за работи кои се во рамки каде може да се видат некои очекувања дека евентуално може да се најде решение на овој проблем. Го оценувам позитивно состанокот и мислам дека треба да продолжиме да работиме на ова прашање додека да дојдеме до решение."

Изјави Нимиц избегнувајќи да зборува за рокови затоа што како што рече само наметнатите рокови не се никогаш добри за ваквиот тип разговори создаваат лажни очекувања и непотребни разочарувања. Претседателот Иванов го информирал медијаторот за македонската позиција во преговорите и посветеноста на изнаоѓање што побрзо решение кое ќе го заштити дигнитетот на македонските граѓани, информираше македонскиот преговарач Јолевски. Нови предлози нема да има, изјави Нимиц:
Јолевски - Иванов - Нимиц

,,Не давам нови предлози. Во текот на годините дадов предлози до страните. Тие никогаш не беа задоволителни, но некои од идеите мислам дела вредеше што разговаравме за нив, затоа се чувствувам позитивно во тој правец. Да дозволиме процесот да продолжи и да видиме како ќе се равива."
Единствен мандат во Македонија кој што може да направи исчекор во разликите околу името лежи во премиерот Груевски


Нови предлози и не може да се очекува од посредништвото на ООН се додека страните не постигнат реално приближување коешто сеуште не се случува, вели политикологот Владимир Мисев. Во таа смисла последните изјави од страна на медијаторот можат да се наречат само поттикнувачки. При тоа неговиот оптимизам доаѓа од воочената зголемена доверба меѓу двете страни и ништо повеќе од тоа. Во таа смисла сосема лочично, додава Мисев и самиот Нимиц но и она што е реалност упатуваат на тоа дека решението лежи исклучиво во активностите на највисоките претставници на власта од двете држави.

,,Токму тоа претпоставувам сака и медијаторот да ни го посочи и тоа е главната причина што не ни дава конкретен предлог. Единствен мандат во Македонија кој што може да направи исчекор во разликите околу името лежи во премиерот Груевски и сметам дека се додека не се вклучат преговарачките страни на највисоко ниво, нема да се изнајде решение. Тоа е она што сака да го каже медијаторот Нимиц."

Вели Мисев. Сеуште не се знае дали во Њујорк ќе замине и македонскиот премиер Груевски. Од неговиот кабинет велат дека тој сеуште нема донесено одлука за тоа и дека доколку реши да замине таквата одлука би требало да биде позната во текот на денов.
XS
SM
MD
LG