Достапни линкови

Репутацијата на ЕУ почнува на нејзиниот влез


Она што очевидиците го опишаа како жестока размена меѓу францускиот претседател Никола Саркози и претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо за протерувањето на Ромите од Франција беше капак на самитот на Европската унија во Брисел. На состанокот, меѓу другото, се зборуваше за европските стратегиски партнери и за чекорите за избегнување нова економска криза.

„Оној што не ја загуби контролата бев јас. Нема да дозволам мојата земја да биде навредувана“, изјави Саркози, притиснат од новинарите за деталите за неговата кавга со Баросо околу третманот на Ромите:

„Секако, ќе одговориме на сите прашања што ни се поставени. Но, Франција мора да знае дека оваа политика ќе продолжи со доследно почитување на законите.“


Претходно, бугарскиот премиер Бојко Борисов им кажа на репортерите дека Саркози и Баросо имале кавга и оти Барозо силно го поддржал својата комесарка Рединг, која протерувањето на Ромите од Франција го оцени како срамно.

Рединг открила и наредба до француската полиција да ги урива само ромските кампови, а не и другите кои се илегално во земјата.

Рединг му се закани на Париз со санкциии и алудираше на времето од Втората светска војна, кога окупираната Франција испратила
Реципроцитет е клучен збор. Тој не е извалкан. Тој исто така може да кажува и заеднички
интерес.
десетици илјади Евреи во нацистичките конц-логори.

Таа, по острите реакции, меѓу нив и од германскиот канцелар Меркел, се извини за ваквите коментари.

Саркози потоа изјави дека ја поништил наредбата кога дознал за неа и оти за протерувањето на Ромите ја имал поддршката и од германската канцеларка Ангела Меркел.

За време на дебатата, како што изјави претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј, сите се согласиле дека членките имаат право и обврска да ги спроведуваат нивните закони, вклучувајќи го и протерувањето несакани гости, но и оти Европската комисија има право и обврска да ги спроведува законите на Унијата и да спроведува сопствени истраги.

Реципроцитет - клучен збор

Ромпуј најави дека за овој проблем повторно ќе се разговара на самитот во октомври. На овој, главна беше дебатата за европските стратегиски партнери. Унијата во моментов ги има девет: од Русија, до Мексико.


„Реципроцитет е клучен збор. Тој не е извалкан. Тој исто така може да кажува и заеднички интерес“, изјави Ромпуј, по дебатата на која имало и мислења дека Европската унија мора да ги спроведува само нејзините интереси.

Но, притоа дошло и силно потсетување дека не може да се оди сам на глобалната сцена. Потсетувањето доаѓа од Полска каде што една кинеска градежна компанија доби тендер за изградба на сообраќајница откако дала за 60 насто поевтина понуда од европските конкуренти.

„За обратното, односно за таква зделка во Кина не смееме ни да помислиме“, вели еден евродипломат, додавајќи дека Унијата уште долго време ќе нема заедничка позиција, бидејќи останува поделена меѓу интересите на нејзините членки.

Тоа, според него, особено се гледа во односите со непосредното соседство на Европската унија. Можеби затоа, Херман ван Ромпуј по самитот изјави:

„Нашата светска репутација почнува на нашиот влез.“
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG