Достапни линкови

Подготовки за Њујорк


Со какви позиции ќе настапи македонскиот државен врв на средбите во Њујорк?
Со какви позиции ќе настапи македонскиот државен врв на средбите во Њујорк?

Македонскиот државен врв се подготвува за Њујорк, но не се изнесуваат детали за тоа со кои позиции ќе се настапи.

Засега е извесно дека евентуалниот нов предлог од медијаторот Нимиц во Њујорк прв ќе го слушне претседателот Иванов. Од неговиот Кабинет не изнесуваат дополнителни информации како македонската страна се подготвува за средбата и со кои позиции ќе настапи. Министерот Милошоски којшто во Њујорк ќе допатува два дена подоцна претходно рече дека нашата делегација ќе ги изложи позициите
Ако ние го добиеме тој пакет тогаш во основа не се разговара за идентитетот, туку се разговара за името на државата, односно се разговара за замена на кратенката ФИРОМ. Доколку е тоа предлогот што го има меѓународната заедница тогаш сметам дека не постои објективна причина таквиот предлог сериозно да не се разгледува
на Република Македонија и идеите и решеноста на Македонија за надминување на спорот, но изнесувањето нови предлози ќе го препушти на медијаторот Нимиц.

,,Предлагањето и динамиката на нови средби остануваат во надлежност на самиот посредник Нимиц, ние она што можеме од наша страна да го направиме е да го потикнеме да продолжи во еден период за кој што тој ќе процени дека е зрел за исчекор напред."

Средбата со медијаторот Нимиц е и на грчката агенда, така што медијаторот ќе може да ги спореди позициите и да процени дали постојат усолови за исчекор напред. Засега како сосема извесна се најавува и средбата Груевски-Папандреу на која дури и се шпекулира дека би присуствувал медијаторот Нимиц што и дава особена тежина на оваа средба и ги зголемува очекувањата од неа.

И за идентитетот или не?

Засега од македонска страна неколкупати беа демантирани шпекулациите дека новиот предлог на Нимиц се базира на името Република Вардарска Македонија, а Владата наспроти меѓународните претставници тврди дека разговорите со Грција го засегаат македонскиот идентитет, името на нацијата и јазикот. Политиколот Петар Арсовски вели дека евентуалниот предлог за кој во последно време се гововори во јавноста, географска одредница за меѓународна употреба без промена на Уставот и слободна интерпретација на името во билатералните односи и доколку придавката македонски остане, може да биде добра основа за компромис и не го засега македонскиот идентитет.

,,Ако ние го добиеме тој пакет тогаш во основа не се разговара за идентитетот, туку се разговара за името на државата, односно се разговара за замена на кратенката ФИРОМ. Доколку е тоа предлогот што го има меѓународната заедница тогаш сметам дека не постои објективна причина таквиот предлог сериозно да не се разгледува."

Самиот предлог на Нимиц ќе покаже за што станува збор и дали тука ќе бидат потребни гаранции за идентитетот, додава Арсовски, но како што вели од наша страна крајно време е да кажеме што сакаме, а не со што не можеме да се согласиме во изнаоѓањето решение за спорот за името.
XS
SM
MD
LG