Достапни линкови

Македонија извезува сомнително месо?


Во БиХ сомнежи за квалитетот на македонското месо
Во БиХ сомнежи за квалитетот на македонското месо

Босна и Херцеговина изрази сомнеж за месото што во земјата се увезува од Македонија. Колку тоа ќе се одрази врз домашните извозни активности?

Министерството за економија ги проверува информациите, а од Царинската управа најавија писмен одговор за наводно сомнителното македонско месо во Босна и Херцеговина. Министерот за надворешна трговија и економски односи на БиХ Младен Зиројевиќ изјави дека се спроведуваат активности во врска со увозот на месо од Македонија, откако босанските месопреработувачи се пожалиле дека увозот од Македонија е двојно зголемен и оти нема докази за потеклото на месото.
Министерството поднесе барање до Царинската управа на РМ да и овозможи на комисијата на БиХ надзор врз спроведувањето на одредбите во утврдување на потеклото на месото

„Министерството поднесе барање до Царинската управа на РМ да и овозможи на комисијата на БиХ надзор врз спроведувањето на одредбите во утврдување на потеклото на месото. Сакавме ова прашање да се реши во обостран интерес, поради преземените обврски со потпишувањето на меѓународни спогодби, како што е регионалната ЦЕФТА спогодба. Инаку, ние неодамна бевме домаќини на македонска комисија за проверка на документите за потеклото на нашето млеко кое се извезува во Македонија. Ние не правевме апсолутно никаков проблем. А на истото наше барање, од македонска страна ни беше одговорено негативно." изјави Зиројевиќ за Радио Слободна Европа.


Од Царинската управа за сега нема официјален одговор на прашањето дали биле контактирани од босанските власти? Од институцијата единствено потенцираат дека се во постојан контакт со властите од сите земји каде Македонија извезува.
Од овдека се поставува и прашањето каков ефект ќе имаат ваквите сомнежи на извозните активности на македонските производители? Дали извозот може да биде повреден? На ова прашање одговара економскиот аналитичар Висар Адеми:
Така што посебно што доаѓа од официјален член на владата на Босна и Херцеговина, не доаѓа од компанија увозник на овие производи и мислам дека тоа е лошо за компаниите што се во тој сектор, а многу лошо и за имиџот на државата


,,Сигурно да, посебно во овие држави што е јазичното подрачје е слично затоа што таква реакција од официјално лице ќе се прочита и во другите држави на поранешна Југославија каде што извезуваме, мислам Србија, Хрватска, Црна Гора и мислам дека тоа ќе им наштети малку на извозните компании."

Адеми додава дека фактот што сомнежите за квалитетот на македонското месо ги актуелизира Министер во владата на Босна и Херцеговина го прави овој случај уште потежок:

,,Така што посебно што доаѓа од официјален член на владата на Босна и Херцеговина, не доаѓа од компанија увозник на овие производи и мислам дека тоа е лошо за компаниите што се во тој сектор, а многу лошо и за имиџот на државата."

Инаку, извозот на македонско месо во Босна, како што потенцираше министерот Зиројевиќ, пораснал четири пати во 2009 година во споредба со 2008 година. Според босанските власти, тенденцијата на пораст е присутна и годинава.
XS
SM
MD
LG