Достапни линкови

Фестивал „Лица без маски"


Плакатот за Меѓународниот театарски фестивал за аматерски, алтернативни и експериментални театари Лица без маски 2010
Плакатот за Меѓународниот театарски фестивал за аматерски, алтернативни и експериментални театари Лица без маски 2010

Со изведбата на претставата Танчарка зад бодликава жица на Документарниот театар од Берлин, во Младинскиот културен центар во Скопје, започна третиот возобновен интернационален фестивал на алтернативен и експериментален театар ЛИЦА БЕЗ МАСКИ 2010. На манифестацијата, до 15 мај, ќе бидат прикажани 10 претстави од сите континенти.

Танчерка зад бодликава жица на Документарниот театар од Берлин, Игра на нашиот Театар 007, Вежба на бугарскиот Универзитетски театар, словачката Папагалите не јадат бумбари, Бре кабаре на Алтернативниот театар Бранко Крсмановиќ од Србија, Вител на театарот Рома од Македонија и Мажите секогаш се враќаат дома на Театарската група Шамајел од Иран, се претставите кои ќе се најдат во официјалната конкуренција и во трка за награди на третиот возобновен Интернационален фестивал на алтернативен и експериментален театар ЛИЦА БЕЗ МАСКИ, кој до петок, 15 мај ќе се одвива во Младинскиот културен центар во Скопје. Овие претстави се одбрани од вкупно 56 апликации од светот колку што пристигнале годинава.

Игор Ивковиќ, селекторот на програмата, забележува дека ваквиот публицитет се должи пред се на минатогодишното зачленување на Младинскиот културен центар и Театар 007, кои како организатори ја потпишуваат манифестацијата, во Европскиот комитет на алтернативни театри АИТА/ИАТА. Говорејќи, пак, за актуелната понуда на ЛИЦА БЕЗ МАСКИ, селекторот Игор Ивковиќ знае да каже дека:

„Станува збор за интересни претстави. Претстави кои што нудат нови естетики, нови форми, но во исто време на содржинско ниво нудат
Станува збор за интересни претстави. Претстави кои што нудат нови естетики, нови форми, но во исто време на содржинско ниво нудат и нови видици за нашето егзистирање особено во едно време кое што живееме како што е ова сега.
и нови видици за нашето егзистирање особено во едно време кое што живееме како што е ова сега.“

Дообјаснувајќи ја годинешната програма и учеството на театар Рома со претставата Вител од Коле Чашуле, тој забележува дека имале намера да го стимулираат творештвото младите од оваа зедница во Македонија.

„Сакаме да им дадеме можност и на младите автори од театарот Рома да се запознаат со учесниците, да видат како работи и светот, иако за нив тоа и не е нешто што не го знаат, самите тие имаат голем број продукции направено со престижни театарски куќи од светот.“

Во однос на нововостановениот концепт и признанијата што се доделуват, Ивковиќ со дополна дека овојпат покрај главната награда – гранпри за најдобра претстава во целина Малиот принц која подразбира копродукција помеѓу победниците со една македонска театарска трупа, ќе има уште две други награди – за експеримент и специјална награда од жири во кое претседател е Јоке Алберс, театарски педагог од Холандија и член на управниот одбор на Европскиот комитет на АИТА/ИАТА, а членови се актерката Марина Поп Панкова и театарскиот критичар Илија Упаловски.

Инаку, на фестивалот и годинава ќе се одржат традиционалната Интернационална вечера со претставување на кујните на земјите учеснички, ќе има и неколку работилници, како и настапи на диџеи и рок групи.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG