Достапни линкови

Дипломатски гафови


Претседателот на РМ Ѓорѓе Иванов
Претседателот на РМ Ѓорѓе Иванов

Неискуство или индикатор дека евроинтеграциите не се приоритет на власта? Што е причината за честите дипломатски гафови на македонските политичари?

Да не се шири приказната. За вакво продолжение на темата недоразбирање на релација Иванов - Дорис Пак се одлучи кабинетот на Претседателот откако некоку медиуми објавија дека поранешната европратеничка се налутила на произлезените од брифингот на Претседателот со новинарите коментари, поврзани со нашето членство во ЕУ и НАТО. Средба имало, тужба нема да има и на тоа нека
Меѓународниот фактор го користат за дневно-политички цели, ако им оди во прилог тогаш се повикуваат на нив, ако нешто не им одговара тогаш влегуваат во конфликт со нив, тоа покажува основно непознавање за тоа како функционира дипломатијата
остане, велат од кабинетот на Иванов. Овојпат е недоразбирање, а за нас не се туѓи ниту поинакви релации со меѓународни претставници, кои понекогаш подразбираат неискусни дипломатски забелешки, а понекогаш дури и конфликти, вели професорот Мерсел Биљали. Освен во ретки ситуации кога обврските произлезени од меѓународните инститиуции се користат како алиби.

,,Меѓународниот фактор го користат за дневно-политички цели, ако им оди во прилог тогаш се повикуваат на нив, ако нешто не им одговара тогаш влегуваат во конфликт со нив, тоа покажува основно непознавање за тоа како функционира дипломатијата. Ние за жал сме исклучок, дури и државите кои се во меѓусебна војна дипломатската комуникација си го оддржува нивото.“

Според Биљали пред се станува збор за неискуство на најголем дел од политичарите коишто треба да водат дипломатија, понекогаш и основно непознавање за функционирањето на меѓународните организации, а најчесто дека политиката го ,,избркала“ професионализмот од соодветните институции.
За Лидија Димова од
Ако стратегијата на Владата е да се измислуваат начини како да не се реши спорот за името, тогаш ова држи ,,влага“, е добра статегија
македонскиот Центар за европско образование, пак дипломатските гафови и чести конфликти со меѓународните претставници се индикатор дека најгорливите надворешнополитички прашања и евроинтеграциите не се приоритет на власта:

Зградата на Владата на РМ


,,Ако стратегијата на Владата е да се измислуваат начини како да не се реши спорот за името, тогаш ова држи ,,влага“, е добра статегија.“

Димова вели дека дипломатските гафови на македонските политичари се чести.Сме биле сведоци на квалификации за медијаторот Нимиц, но и разни непромислени изјави од страна на врвни политички претставници, вели Димова. Тоа според неа им нанесува штета на европинтеграциите. А други формули има, додава Биљали. Тоа се функционални институции и навремено подготвување на соодветен кадар за соодветните функции.
XS
SM
MD
LG