Достапни линкови

Трошоци за куќните совети


Граѓаните го сметаат законот за домување како уште една мерка со која државата сака да им ги земе парите.

Непотребен дополнителен трошок за граѓаните или поголема грижа за станбените згради?
Законот за домување, според кој од утре, сите згради во кои има станови на двајца или повеќе сопственици треба да се пререгистрираат како заедници на сопственици, наиде на големи реакции кај граѓаните, а само мал дел од нив ја завршиле таа обврска. Законот стапи на сила лани, а граѓаните имаа рок од една година да ги пререгистрираат куќните совети.
Му фалат пари на буџетот, мора да го ,,напумпаат,,

Во Македонија има повеќе од 10 илјади згради. За да се регистрира заедница на сопственици на станови, треба согласност од сите станари во зградата. За регистрација на заедница на сопственици се плаќа по околу 2,5 илјади денари. Ако сите згради се регистрираат тоа ќе значи дека во буџетот ќе влезат најмалку 400 илјади евра. Властите не соопштуваат дали веднаш ќе почнат со казнување на луѓето што не ги испочитувале законските одредби. До сега се регистрирани само околу 400 заедници на сопственици. Казната за секој станар во зграда што не се регистрирала како заедница на сопственици е околу 300 евра.

Граѓаните го сметаат законот како уште една мерка со која државата сака да им ги земе парите.

„Му фалат пари на буџетот, мора да го ’напумпаат‘.
Денеска каков е животот, уште тие трошоци ни фалат.


„Денеска каков е животот, уште тие трошоци ни фалат.“

Илустрација: Зграда

„Да ’исцицаат‘ уште некој денар од граѓаните.“

Од Министерството за транспорт и врски, пак, велат дека целта на законот е сосема спротивна. Тие велат дека буџетот на граѓаните ќе се оптовари за плус незначителни 50 денари месечно. Тие објаснуваат дека целта на законот е да не се дозвлоли некои несовесни станари да малтретираат цела зграда и да ги натераат сите да се грижат за зградата, односно за заедничките простории. Луѓето треба да почнат да ги чуствуваат зградите како нивна сопственост, велат тие, и додаваат дека во делот на сопственоста, граѓаните, освен права, имаат и обврски.
Така и парите што се плаќаат за чистачка или за одржување на лифтовите ќе добијат легален тек, односно ќе се исплаќаат легално.

Градоначалниците од опозицијата изјавија дека не планираат да ги казнуваат граѓаните и да им наметнуваат неспроведлив закон.

Сепак, се погласни се шпекулациите дека граѓаните ќе добијат продолжување на рокот во кој ќе може да ги пререгистрираат досегашните куќни совети во заедници на сопственици. Од Централниот регистар соопштија дека тие ќе продолжат да регистрираат заедници на сопственици на згради и по завршувањето на рокот.
Според законот, граѓаните кои нема да регистрираат заедница на сопственици може, наместо тоа, да вработат еден управител. Но и тука има проблем - Комисијата за регулирање на овој процес се уште не е формирана и нема издадено ниту една лиценца за управител.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG