Достапни линкови

Дискриминација на македонското малцинство


Македонското малцинство во Бугарија, Грција и Албанија и во 21 век се соочува со дискриминација.

Некаде тоа е е изразено повеќе, а некаде помалку заради притисоците на Европската унија. Посебно во Грција не им се признава ни јазикот ни идентитетот, се жали Андон Чекревски, член на Виножито.
За Грција знаете, тоа е една националистичка држава, која зборува за демократија, а демократија нема. Кога се родила демократијата, таа пцовисола, односно умрела. Јас сум 81 година таму демократија не видов.


„За Грција знаете, тоа е една националистичка држава, која зборува за демократија, а демократија нема. Кога се родила демократијата, таа пцовисола, односно умрела. Јас сум 81 година, таму демократија не видов. Има за некои други, но за Македонците нема. Дваесет години се бориме за еден македонски културен дом. Од суд на суд сме, леринскиот, солунскиот, врховниот, европскиот и таму го добивме спорот, но грчките закони не даваат. Таа е грчката демократија.“

Македонците од Бугарија велат дека режимските стеги малку попуштиле под притисокот на Европската унија, но сега се погодени од економската криза и безработицата.


„Ние сме Македонци, но нас бугарската влада не ни ја признава партијата ОМО Илинден. Но, јас дури не умрам ќе бидам Македонец, извадив и пасош за да докажам дека се чувствувам како Македонец. Јас сум пензионер, имам три синови во странство, тука нема работа. Тие големите партиски лидери ги купија фабриките и сега нема работа“,
Ние сме Македонци, но нас бугарската влада не ни ја признава партијата ОМО „Илинден“. Но, јас дури не умрам ќе бидам Македонец, извадив и пасош за да докажам дека се чувствувам како Македонец.
изјави Ѓорги Атанасов од Коларово, Бугарија.

„Добро знаете дека сме под постојан притисок од бугарските власти. На крај поолабавија малку работите, се движиме послободно, се собираме послободно, не не следи полицијата како порано. Ги притиска Европа и немаат каде. Кај нас на времето се забрануваше да се слуша и Радио Скопје“, вели Крум Филатов од ОМО Илинден.

Во Албанија, пак, македонското малцинство се уште се чувствува дискриминирано кога се работи за вработувања во државната администрација.

„За жал, македонскиот народ во Албанија се уште не може да си го најде своето место во структурите на државата. Така била отсекогаш Албанија настроена кон македонското прашање. Сега се надеваме дека од страна на македонската партија да ги решиме барем главните проблеми, да имаме наши претставници во албанскиот парламент“, вели Спасе Мазенковски од Македонската алијанса за европска интеграција, партија на Македонците во Албанија.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG