Достапни линкови

Етнизација на празниците


Крушевско, комити 1903 година
Крушевско, комити 1903 година

Дали државата го етнизира славењето на празниците? Од 600 автобуси кои ги превезуваат граѓаните до Крушево и Пелинце ниту еден не е од албанските средини.

„Браќа земљаци и мили комшии!

Крушево
Ние, вашите вечни комшии, пријатели и познајници от хубавото Крушево и неговите китни села, без разлика на вера, народност, пол и убежденија, не можејќи веќе да трпиме тиранијата на жедните за крф и гладните за чоечко месо муртати, шчо гледаат и нас и вас да
И во крушевскиот манифест и во крушевските органи имало по двајца претставници Албанци, Власи и Македонци. Во Владата и во Собранието од 60 луѓе, 20 биле Албанци.
дотерат до нош, и нас и вас да дотераат до питачки стап и нашата мила и богата земја Македонија да заприлегат на пуста пустиња, денеска дигнафне глава и решифне со пушка да се браниме от тие наши и ваши душмани и да добиеме слобода.“

Ова е дел од Крушевскиот манифест, со кој Штабот на крушевските востаници пред 107 години ги повика жителите на Македонија - Македонци, Турци, Албанци и сите други на востание за слобода од Отоманската империја. Историчарот Музафер Бислими објаснува дека крушевскиот манифест посочува токму на тој космополитски и мултиетнички карактер на Илинденското востание.

,,И во крушевскиот манифест и во крушевските органи имало по двајца претставници Албанци, Власи и Македонци. Во Владата и во Собранието од 60 луѓе, 20 биле Албанци.“

Денес, 107 години подоцна, на Мечкин Камен се организира масовна прослава во чест на Илинденското востание. Владата организира превоз со 600 автобуси кои бесплатно ги превезуваат граѓаните од Македонија до Крушево и Пелинце каде што се организираат прославите.

Се забележува дека нема организирано автобуси кон Крушево од местата населени со Албанци.
Колку за илустрација – автобусот од општина Зајас кој ги превезува заинтересираните граѓани кон Крушево тргна од селото Мидинци.
Од 600 автобуси нема ниту еден кој поаѓа од некоја албанска средина. Така што ваквите постапки како во минатото, така и во иднина прават слика да Албанците не го чувствуваат овој празник како
свој.
Од околу 11500 жители на Зајас, само околу 200 се Македонци, додека општината е претежно населена со Албанци. Селото Мидинци, пак, е населено со Македонци.

Дали државата го етнизира славењето на Илинден или, пак, Албанците немаат интерес да слават на Крушево? Се чини дека дилемата е како онаа – што е постаро, кокошката или јајцето?

Собранискиот спикер Трајко Вељаноски положува цвеќе пред споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто на скопскиот плоштад

Портпаролот на македонската Влада, Мартин Мартиновски, пак, вели дека има широка мрежа на места од каде што тргнуваат автобусите за сите заинтересирани граѓани да може да дојдат од Крушево. Мартиновски вели дека е уверен дека во Крушево ќе дојдат и ќе слават луѓе од сите етнички заедници во Македонија.
Од друга страна, Бислими вели дека токму ваквите постапки придонесуваат, Албанците да не го чуствуваат празникот како свој.

,,Од 600 автобуси нема ниту еден кој поаѓа од некоја албанска средина. Така што ваквите постапки како во минатото, така и во иднина прават слика да Албанците не го чувствуваат овој празник како свој.“

Претседателот Ѓорге Иванов го прославува Илинден во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце. Премиерот Никола Груевски е на Мечкин Камен во Крушево, а спикерот Трајко Вељаноски положува цвеќе пред споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто на скопскиот плоштад.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG