Достапни линкови

Критиките да ги забрзаат реформите


Совет за стабилизација и асоцијација Македонија-ЕУ
Совет за стабилизација и асоцијација Македонија-ЕУ

За власта охрабрување за реформите, за експертите и опозицијата критиките од Брисел треба да бидат предмет за натамошна работа.

Без многу дипломатија и по вчерашниот состанок на Совет за стабилизација и асоцијација, Брисел ги идентификуваше областите во кои е нужно повеќе да се работи. Корупција, партизирана администрација, судството, човековите права, недостигот од странски инвестиции. Интензитетот на реформскиот процес е влошен и во своите изјави европските дипломати не ја криеја загриженоста. Владејачката партија во нив препознава само охрабрување за продолжување на реформите кои како што велат засега се спроведуваат на сосема соодветен начин.
Во првата четвртина од оваа 2010 година, повеќе од 60 посто од обврските во форма на донесени закони, Владата на Република Македонија, преку Собранието на Република Македонија секако дека ги реализираше.


„Во првата четвртина од оваа 2010 година, повеќе од 60 посто од обврските во форма на донесени закони, Владата на Република Македонија, преку Собранието на Република Македонија секако дека ги реализираше“, изјави Александар Спасеновски пд ВМРО-ДПМНЕ.

Во коалиционата ДУИ сепак признаваат дека постојат области во коишто динамиката на спроведување не е најпосакуваната, а во некои области се бележи и застој па како што велат изјавите од Брисел коишто стасаа на дури и несвојствен за европски дипломати јазик треба да се сфатат најсериозно со цел да се спречи нивното негативно влијание врз октомврискиот извештај на ЕК:

Антонио Милошоски и Штефан Филе во Брисел

„Можеби глупо да звучи, можеби нема да ни биде сеедно, но од Брисел вчера ни порачаа дека некои нешта за земја со препорака за почеток на преговори, не е својствено“, изјави Џевад Адеми од оваа партија.

Опозицијата, од своја страна порачува, проблемите да бидат предмет на работа на Влдата, а не нејзина ПР стратегија ако се сфати дека последните пораки од Брисел укажуваат на тоа дека во многу области тие се зголемуваат, посочува Андреј Петров од СДСМ.

„Не само она што власта се обидуваше да го прикаже, политичкиот дијалог и проблемот со усвојување на Деловникот. Тоа е многу мал дел од она што Макеоднија треба да го сработи.“
Во делот на човековите права и слободи назадуваме, во медиумските права и слободи назадуваме, политичкиот дијалог дефинитивно е полош од претходно, економските перформанси дефинитивно ни се полоши... Така што назадуваме во многу повеќе области, отколку што
напредуваме.


Сметајќи дека еконопмската криза и спорот за името можат да покријат се друго, власта ги фрла под тепих останатите проблеми, анализира комуникологот Петар Арсовски. Тоа не доведе до стагнација во реформскиот процес којшто може да не доведе и до нови критериуми. За него особено загрижува фактот дека во многу области се бележи назадување.

„Во делот на човековите права и слободи назадуваме, во медиумските права и слободи назадуваме, политичкиот дијалог дефинитивно е полош од претходно, економските перформанси дефинитивно ни се полоши... Така што назадуваме во многу повеќе области, отколку што напредуваме.“

Арсовски очекува дека доколку не се работи поинтрензивно на нивнтото подобрување, ваквите сосотјби ќе се одразат во еден уште помалку диплокатски речник во есенскиот извештај на ЕК.
XS
SM
MD
LG