Достапни линкови

ЕУ бара подобрувања


Од последната посета на Скопје на еврокомесарот Штефан Филе
Од последната посета на Скопје на еврокомесарот Штефан Филе

Во Брисел седница на Советот за стабилизација и асоцијација. Филе порача да се одржи темпото на реформите. За власта извештајот е позитивен за опозицијата негативен

Европската комисија не ја менува позитивната препорака од минатата година за отпочнување преговори за влез на Македонија во ЕУ, изјави денеска еврокомесарот за проширување Штефан Филе по Седмиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација на Македонија со ЕУ.

„Имаме чуство дека повторно е стекнат моментумот на реформи. Сега е важно, особено во овие шест области, и не само во нив, да се одржи темпото“, рече комесарот Филе. по состанокот.

На седмиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација, од Македонија било побарано подобрување на политичкиот дијалог, што според Филе е одговорност и на власта и на опозицијата, професионализација на јавната администрација, независност на судството, борба против корупцијата, подобрување во полето човекови права, особено преку заштита на ранливите групи, како и подобрување во бизнис средината.

Министерот за надворешни работи на Македонија Антонио Милошоски рече дека земјата ќе ги продолжи реформите во администрацијата, судството, економијата и борбата против корупцијата. Шефот на дипломатијата истакна дека Македонија ќе го продолжи партнерскиот однос со ЕК за отпочнување на пристапни преговори со ЕУ. Милошоски додаде дека исто така на состанокот и од страна на еврокомесарот било посочено дека одговорноста за политичкиот дијалог не е само на владејачкото мнозинство туку истовремено и на опозицијата.
На состанокот Милошоски и вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски ги објасниле македонските позиции и заложбите за решавање на спорот со името и продолжување на дијалогот меѓу Македонија и Грција

Мислењата на опозицијата и експертите пред Состанокот за стабилизација и асоцијација

Пред седницата на Советот за стабилизација и асоцијација, експертите и опозицијата очекуваа Македонија да добие негативни критики, за разлика од владата која се надева на позитивен извештај.

Андреј Петров од опозицискиот СДСМ вели дека Европската комисија ќе има реакции за застојот на рефромите во јавната администрација, судството, електронските комуникации и дискриминацијата.

„Сите тие како забелешки доаѓаа и тоа со остри реакции од страна на ЕУ, веројатно ќе биде преточено во некаков акт на самиот состанок, што мислам дека е само доказ дека Македонија оди во погрешна насока.“

И професор Мерсел Биљали очекува земјата да добие забелешки во одредени области, но според него приоритет за Унијата е да биде решено прашањето со името.

Премиерот Никола Груевски и евро комесарот за проширување Штефан Филе на прес конференција во Скопје, во февруари 2009

„Мислам дека ќе има одделни критики, но не очекувам дека тие критики ќе бидат жестоки од самиот факт што сепак Унијата очекува Македонија да го реши проблемот со името.“
Во тој дел се прават сите напори и верувам дека тоа ќе биде позитивно оценето и дека ќе бидат согледани сите оние постигнувања што се направени.

На состанокот ќе имаме јасна слика до каде сме во евроинтеграциите, вели претседателот на Комисијата за европски прашања во Собранието, Петар Поп Арсов. Ние работевеме на остварување на две цели, а тоа се рефомите и билатералниот спор со Грција, вели тој.

„Во тој дел се прават сите напори и верувам дека тоа ќе биде позитивно оценето и дека ќе бидат согледани сите оние постигнувања што се направени.“

Вицепремиерот за Европски прашања Васко Наумовки очекува заклучоците на Советот за Стабилизација и Асоцијација да бидат признание за досегашните напори на земјата за влез во Унијата.

„Очекуваме Советот за стабилизација и асоцијација да го претстави на еден фер и објективен начин се она што досега е постигнато во Македонија во однос на европската интеграција.“

Претседавач на овогдинешниот состанок ќе биде министерот за надворешни работи на белгиското претседателство со Европската унија, Стивен Ванекере, а ќе учествува и комесарот Штефан Филе. Копретседавач од македонска страна ќе биде министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, а учество ќе земат и вицепремиерите Абдулаќим Адеми и Васко Наумовски.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG