Достапни линкови

Кумановски културен живот


Центарот на Куманово
Центарот на Куманово

Концерти на разновидна музика, уметнички изложби на слики и фотографии, театарски претстави, професионални и аматерски, се дел од културниот живот на кумановци.

Концерти на разновидна музика, уметнички изложби на слики и фотографии, театарски претстави, професионални и аматерски, се дел од културниот живот на кумановци. И речиси нема културен настан кој нема доволно публика или пак не се бара билет повеќе. Во публиката секогаш и секаде, во затворен простор или на отворено нема старосни граници. Некои културните настани ги посетуваат затоа
И сега има луѓе кои доаѓаат во театарот затоа што се сладокусци и го разбираат театарот и кои имаат потреба од тоа. Во живо да доживеат емоции со актерите, а помал дел се оние кои театарот го сфаќаат како евтина забава
што уживаат, се релаксираат, ги полнат батериите со позитивна енергија. Некои заради дружење со нивните пријатели кои љубат ваков вид забава, а има и такви кои повремено се појавуваат за да видат и да бидат видени. Горан Илиќ и Драгиша Димитријевски-Шипе повеќе од три децении се на штиците што значат живот. Како тие ја гледаат еволуцијата на публиката раскажуваат.

„Во театарот сум многу одамна, од својата шеста година, кога 1966/67 бев алтернатива на една претстава. Печалбари“ на еден мој братучед кој играше во неа. И тогаш и сега исто го доживувам театарот. Тогаш немавме сите телевизори дома. Публиката беше свртена кон театарот.“

Вели Горан Илиќ и додава дека во времето на информатиката се менува и начинот на животот,

„На некој начин театарот беше една многу битна нотка за развојот на едно општество. Од време на време се јавуваат претстави кои имаат дидактичка смерница и содржина што се занимаваат освен со естетика и со етика. И сега има луѓе кои доаѓаат во театарот затоа што се сладокусци и го разбираат театарот и кои имаат потреба од тоа. Во живо да доживеат емоции со актерите, а помал дел се оние кои театарот го сфаќаат како ефтина забава.“
Сега младите повеќе доаѓаат во театарот што мене многу ми е драго. И ние треба повеќе претстави да правиме за младите

Илиќ смета дека и сега публиката е профилирана и знае што значи театар. Драгиша Димитријевски пак забележува дека во времето на неговите почетоци:

„Луѓето доаѓаа со жени, со деца. Сега младите повеќе доаѓаат во театарот што мене многу ми е драго. И ние треба повеќе претстави да правиме за младите. На пример претставата „Душички“, па за средната генерација „Печалбари“, а треба да имаме и претстави за деца кои треба д аги гаиме како наша нова публика. Младите сега доаѓаат во 8 часот во театарот, а веќе во 10 часот одат и се забавуваат на некои други места. “

Тоа е новиот начин на живот кој ни се наметна. Но иако кумановци сакаат културно да живеат на културните настани некако забораваат да ги исклучат мобилните телефони, кои не само што им ѕвонат туку и со шепот разговараат, од време на време и меѓусебе гласно муабетат што секако им пречи на актерите, но и на останатата публика. И како што велат добрите познавачи на културата не е најважно да има претстави, подеднакво важно е кој ги посетува и како се однесува. Културните настани се за голем респект.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG