Достапни линкови

Нема намалување на каматите


Народна банка на РМ
Народна банка на РМ

Банките не планираат намалување на каматите на кредитите, и покрај тоа што Народната банка ја намали каматната стапка на благајничките записи на пет отсто.Според експертите, банките ќе ги намалат каматите за кредитите кога ќе се намали ризичноста на пласманите.

Каматите за кредитите нема да се намалат и покрај тоа што Народна банка ја намали каматната стапка на благајничките записи историски најниското ниво од 5 отсто. Во Комерцијална банка велат дека постојат сериозни ограничувања за понатамошни намалувања на активните каматни стапки. Тие велат дека намалувањето на каматната стапка на благајничките записи, само по себе, во отсуство на
Таа логика не е само поврзана со каматната стапка на благајничките записи бидејќи тие служат само како локација за безбедно пласирање на средствата, туку е поврзана повеќе со проценката на банките за ризичноста на пласмани.
други мерки за релаксирање на монетарно кредитната политика и генерално економските политики во земјата не можат да дадат продуктивни резултати.

„Се додека нивото на задолжителната резерва е непроменето, а истото се однесува и на надоместоците за исполнување на денарската и девизната резерва, секое намалување на каматната стапка на благајничките записи е само намалување на трошоците на НБРМ“, велат во Комерцијална банка.

Банкарите посочуваат дека поради проблемите со враќање на долговите што ги имаат компаниите, нема причина за намалување на активните каматни стапки.

Професор Мирољуб Шукаров вели дека банките ќе ги намалат каматите за кредитите кога ќе се намали ризичноста на пласманите.
Народна Банка на Република Македонија

„Особено затоа што банкарите имаат друга логика. Таа логика не е само поврзана со каматната стапка на благајничките записи бидејќи тие служат само како локација за безбедно пласирање на средствата, туку е поврзана повеќе со проценката на банките за ризичноста на пласманите и евентуално зголемените премии за ризик.“

Веста за одлуката на Народна банка за намалување на каматната стапка на благајничките записи наиде и на позитивни реакции од стопнаството. Директорот на „Раде Кончар КЕП“, Горан Антевски вели дека банките мора да реагираат побрзо, затоа што на
Самите банки мора побрзо да реагираат затоа што утре ќе немаат од кого да прибираат камати и тие самите ќе влегуваат во
проблеми.
стопанството му е потребно заживување.

„Самите банки мора побрзо да реагираат затоа што утре ќе немаат од кого да прибираат камати и тие самите ќе влегуваат во проблеми, како што влегува стопанството, така и банките ќе влезат во проблеми ако стопанството не работи, не ефектуира од неговото работење.“

Антевски вели дека се надева на брза реакција од банките, но реално тоа не го очекува.

„Никој не сака да изгуби од колачот, да го изгуби она од својот колач. Банките сигурно нема да реагираат брзо иако ние стопанствениците бараме одма што се вика во рок од неколку дена да реагираат, но банките сигурно нема да се откажат од нивниот колач на добивка и ќе тактизираат неколку недели или месец дена, два месеци можеби за после тоа да се намалат каматните стапки.“

Бизнисмените, сепак, се надевааат дека банките ќе го следат трендот и ќе ги намалат каматите затоа што оваа година еконсомки е потешка за нив од претходната.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG