Достапни линкови

Веќе видено


Ќе има ли датум за преговори?
Ќе има ли датум за преговори?

Во власта и во опозицијата не очекуваат Македонија да добие датум за преговори со ЕУ оваа недела. Според власта, Македонија е исправена пред неправедна ситуација - наместо реформите, билатералиот спор со Грција да биде одлучувачки за членството во ЕУ, додека опозицијата критикува дека власта создала впечаток оти може да добиеме датум и без решавање на спорот за името.

Од министерскиот совет на Европската унија во Луксембург и состанокот на Советот на 17 јуни, политичките партии очекуваат повторување на ситуацијата од декември минатата година поради нерешениот билатерален спор со Грција. По најавите што пристигнаа од ЕУ дека не постои можност за добивање датум за преговори и во наредните шест месеци, доколку не се реши спорот за името со Грција, во ВМРО-ДПМНЕ изјавуваат дека очекувањата од одлуките на Брисел во оваа фаза се прилично умерени:
Македонија е исправена пред една ситуација за динамиката за нејзиното интегрирање во ЕУ да не одлучуваат Копенхашките критериуми, направените реформи, туку билатералниот спор со Република Грција.


„Македонија е исправена пред една ситуација за динамиката за нејзиното интегрирање во ЕУ да не одлучуваат Копенхашките критериуми, направените реформи, туку билатералниот спор со Република Грција. Оттаму ние се надеваме дека ЕУ во оваа прилика ќе го валоризира напредокот на Македонија кој што е неспорен“, изјави Александар Спасеновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Во изминативе неколку месеци се создадоа лажни очекувања кои паднаа во вода, коментираат во СДСМ. Стана јаснодека оваа недела за Македонија нема да се донесе одлука за почеток на преговори, изјави Радмила Шеќеринска изразувајќи критики во однос на, како што вели, предвидувањата на владата која создавала впечаток дека може да добиме датум и без решавање на спорот со Грција, односно дека може правото на вето да се ревидира:

Радмила Шекеринска

„Сите граѓани на Република Македонија оваа недела ќе бидат разочарани, меѓутоа нема да бидат изненадени. Она што ќе се случи оваа недела е практично повторување на настаните од декември минатата година и изминативе шест месеци владата не направи ништо за да се промени одлуката на ЕУ и мислам дека за тоа одговорните луѓе мора да сносат одговорност.“
Она што ќе се случи оваа недела е практично повторување на настаните од декември минатата година.


Грција повторно ќе направи нова блокада за добивање датум за преговори за Македонија на состанокот на Советот на 17 јуни, а Брисел е информиран за тоа, изјави деновиве премиерот Никола Груевски. Андреј Жерновски од ЛДП оценува дека најдоброто што може да ни се случи е повторно дa добиеме заклучок каков што имавме за време на шведското претседателство. Главната кочница е проблемот со името, а и во делот кој се однесува на остварувањето на реформите оценува дека има потфрлања дека се носат неевропски закони, а оние кои се европски и се донесени, не се имплементирани.

„Тоа од самиот старт значи дека не сме постигнале некој успех, да се надеваме дека ќе го добиеме ова затоа што можно е да имаме и многу полоши сценарија од тоа Македонија воопшто да не биде спомената во заклучокот.“

Во ДУИ очекуваат дека ЕУ ќе го валоризира напредокот на Македонија. Институциите како што се законодавниот дом и извршната власт ги исполнија сите услови побарани од Европската Комисија за пристап во Европската Унија, но останува политичкиот дел, вели Сафет Незири:

„Македонија ги има исполнето сите барања, но сепак се знае дека спорот со Грција треба да се реши.“

Дека правилото на донесување одлуки не е сменето повтори и амбасадорот на Велика Британија во Македонија Ендрју Ки, во интервјуто за Радио Слободна Европа:

„Значи можно е една земја членка да каже дека не е подготвена за некоја одлука за проширувањето, особено за почнување на преговори со Македонија за членство во ЕУ.“
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG