Достапни линкови

Пападополу - Очекуваме решение за името до јуни


Грчката амбасадорка Александра Пападопулу
Грчката амбасадорка Александра Пападопулу

Грчкиот амбасадор во Македонија Александра Пападополу изрази надеж дека спорот за името ќе биде решен до јуни, од што како што рече ќе профитираат и двете земји бидејќи Грција сака стабилност во регионот, а Македонија ќе продолжи со евроинтеграциите. Според неа, грчката страна направила голем напредок со тоа што прифаќа сложено име со географска одредница како решение за спорот.

Сите очекуваме спорот со името да се реши до јуни и на тоа во моментов треба да се фокусираат и Грција и Македонија, не треба да размислуваме што ќе биде доколку тие не се договорат. Oва го изјави грчката амбасадорка во земјава Александара Пападополу за време на нејзиното предавање на еден од приватните универзитети на прашањето што ја очекува Македонија на министерскиот состанок во Брисел во јуни и дали уште еднаш ќе биде блокирана од Грција, доколку не биде пронајдено заедничко прифатливо решение.
Се надеваме дека ќе има решение за спорот со името. Сите работат на претпоставката дека ќе има прогрес, па зошто да се размислува и дискутира за сценарио кое ни ние ни вие не сакате да се оствари, затоа да работиме на решение. Тоа ќе биде најдобро
за сите.


„Се надеваме дека ќе има решение за спорот со името. Сите работат на претпоставката дека ќе има прогрес, па зошто да се размислува и дискутира за сценарио кое ни ние ни вие не сакате да се оствари, затоа да работиме на решение. Тоа ќе биде најдобро за сите.“

На прашањето што мисли за барањето на македонскиот премиер Никола Груевски по средбата со неговиот грчки колега Јоргос Папандреу во Мадрид, грчката страна наместо зборови да преземе акција, Пападополу вели дека тие веќе направиле серија активности, како што е сложено име со географска одредница.
Премиерите на Македонија и Грција Никола Груевски и Јоргос Папанреду на мартовската средба во Брисел

„Сложено име е голем напредок во спорот со името од страна на грчката позиција и мислам дека тоа е многу конкретен доказ дека ние сакаме решение. На останатото треба да работи политичкиот естаблишмент на двете земји.“

Од позитивниот исход според Пападополу ќе профитираат и двете земји, вели таа.
Проблемот со името е како слон во соба, никој не може да го одбегне, но и покрај него животот продложува и натаму.


„Проблемот со името е како слон во соба, никој не може да го одбегне, но и покрај него животот продложува и натаму. Грција има стратешки интерес за развој на стабилноста, интегритетот и просперитетот на вашата земја. Вие, пак, ќе добиете подобра иднина и подобри односи и соработка со вашиот сосед.“

Грција, вели Пападополу, е еден од најважните партнери на земјата на економски план. Владата, доколу сака да привлече инвеститори, треба да ги послуша советите на меѓународната заедница за спроведување на реформите.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG