Достапни линкови

Груевски и Папандреу – спонтано и срдечно


Премиерите на Македонија и на Грција Никола Груевски и Јоргос Папандреу имаа неформална средба на маргините на самитот ЕУ-Латинска Америка во Мадрид на која разговарале за прашањето за името и за тоа дали состојбата во двете земји би можела да бидат пречка за решавање на билатералниот спор.

Како што информираат од кабинетот на премиерот, средбата Груевски Папандреу била спонтана и срдечна. Двајцата премиери изразиле желба и волја прашањето на спорот со името да се реши што е можно побргу. Од двете страни била изразена посветеност на разговорите и отвореност и понатаму за директни средби и за заклучување на процесот преку Обединетите Нации. Премиерите на Македонија и на Грција разговарале и за тоа дали состојбата во двете земји – економската криза во Грција и проблемите со кои се соочува Македонија можат да бидат пречка за решавање на билатералниот спор.
Груевски и Папандреу, како што се соопштува, разговарале и за перспективите на регионот и неопходноста од негова интеграција во Европската Унија.

Дали преговорите влегуваат во деликатна фаза?

Сериозни прашања, како што е спорот за името со Грција, не се решаваат со средби на маргините на некој голем мултилатерален самит. Кусите средби во рамките на таквите големи самити повеќе се куртоазни, отколку суштински, велат поранешни министри за надворешни работи. Премиерот Никола Груевски денеска во Мадрид присуствува на Шестиот самит на шефовите на држави и влади на ЕУ и Латинска Америка и Карибите. На Самитот се поканети и земјите кандидати за членство во ЕУ – Македонија, Хрватска и Турција.
Тоа не се места каде што се решаваат проблеми како што е овој. Ние мора да имаме една активна улога, но тука, во преговорите, преку ОН, внатре меѓу политичките партии и тоа е она што е најбитно, а не толку дека можеме да најдеме некое решение на некој мултилатерален
собир.

Најавено е дека настанот ќе биде искористен за повеќе билатерални средби.

Професор Денко Малески кој беше и шеф на македонската дипломатија вели дека на големите самити за неколку часа може да се остварат десетици средби.

„Меѓутоа тоа не се места каде што се решаваат проблеми како што е овој. Ние мора да имаме една активна улога, но тука, во преговорите, преку ОН, внатре меѓу политичките партии и тоа е она што е најбитно, а не толку дека можеме да најдеме некое решение на некој мултилатерален собир.“

Поранешниот министер за надворешни работи Слободан Чашуле вели дека на средбите на маргините на вакви големи самити може да се демонстрира волја или пријателство, но дека не може да се водат суштински разговори. Тој вели дека премиерот Никола Груевски треба да ги искористи средбите со челници на државите од ЕУ за да ги убеди дека спорот со Грција се решава во ОН и дека треба да се почитуваат нивните документи.

„Но, над се во убедувањето на Грција да го прифати документот која таа упорно го игнорира, а тоа е Времената Спогодба и да престане да го спречува интегрирањето на Република Македонија во меѓународните организации како што се обврза со таа Времена Спогодба да го дозволи.“
Се додека мислиме дека тоа ќе биде брзопотезно решено од страна на еден човек, кој и да е, и една Влада, мислам
дека грешиме.

Посредникот на ОН Метју Нимиц

Ни Чашуле, ни Малески не веруваат дека решението може да почне да се наѕира до крајот на шпанското претседатество со Унијата.
Малевски вели дека е јасно дека има силен меѓународен притисок за брзо решавање на спорот со Грција, но оти спорот треба да се реши внатре во Македонија.

„Се додека мислиме дека тоа ќе биде брзопотезно решено од страна на еден човек, кој и да е, и една Влада, мислам дека грешиме. Ова е многу сериозно прашање кое бара национален консензус внатре меѓу политичките субјекти.“

Чашуле, пак, вели дека во меѓународните договори што го регулираат спорот не постојат рокови за негово решавање. Ние не разговараме за промена на името, туку за разликите околу името, вели тој.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG