Достапни линкови

Хајд Парк – Ваши коментари


Плоштад Македонија деновиве
Плоштад Македонија деновиве

Пораките на интернет страницата на Радио Слободна Европа изминатава недела од економските проблеми, се пренасочија кон безбедносните прашања, по неколкуте акции на МВР во кои беше запленето нелегално оружје. Пораките на нашите слушатели ги коментираме заедно со Мирјана Најчевска.

Г-ѓа Најчевска се забележува свртување на вниманието на јавноста во пораките што ги добиваме во Радио Слободна Европа од економските проблеми кон безбедносните прашања и меѓуетничките проблеми. Никола на пример од Германија вели дека „најголем проблем е што народот дозволува, група „хулигани“ да го влечат за нос.“ Потоа Насер од Швајцарија вели дека „немало шверц со оружје туку само монтажа од некој најдобри пријатели за рејтинг на партии“. „Срамота е за оваа влада само ќотек да јадеме“, вели тој. Што мислите вие на што се должи ова?

Јас не мислам дека е тоа намалување на интересот на луѓето за економските прашања, туку е разочараност од непосветеноста на власта кон сите егзистенцијални, важни, суштински прашања за луѓето, а вртењето во круг одново и одново во врска со прашања што ги разнебитуваат или разнишуваат меѓуетничките односи.

Исто така, читајќи ги овие пораки, можеме да забележиме една нетрпеливост кон претставниците на меѓународната заедница. Ардит на пример од Тетово има многу против г-дин Фуере и вели „тој многу придонесува за расипување на односите меѓу заедниците. Еднаш игра како власт, еднаш како опозиција“, посочува тој. Зошто генерално постои една недоверба кон странците во земјава?

Тоа е исто така наш проблем. Наш проблем заради тоа што демократијата не проработе на начин што би значел соодветно информирање на граѓаните, уште од почетокот кога почнавме да разговараме за тоа дека сакаме да влеземе во ЕУ, дека сакаме да ги прифатиме тие стандарди и слично. Всушност се остана само на едно декларативно ниво, во ниту еден момент на граѓаните не им беше објаснето што значи тоа, што ќе треба Македонија да направи, што значи тоа за граѓаните. Значи во ниту еден момент граѓаните не се изјаснија дури и врз основа на многу здрави и јасни информации дали навистина сакаат или не сакаат да ги прифатат тие стандарди доколку влеземе во ЕУ.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG