Достапни линкови

Позитивни реакции за кредитот од ЕБОР


Пари и кредитни картички
Пари и кредитни картички

Стручната јавност, но и од опозицискиот СДСМ го поздравуваат најавениот кредит од речиси половина милијарда евра од Европската Банка за обнова и развој, наменет за инфраструктурни проекти. Исто така, позитивни се реакциите и во врска со најавата од Владата за одложување на издавањето на еврообврзница додека не се стабилизира ситуацијата на пазарот.

Најавениот поволен кредит од речиси половина милијарда евра од ЕБОР наменет за инфраструктурни проекти е за поздравување, оценува домашната политичка и стручна јавност. Во Министерството за финансии велат дека договорот за кредит не е потпишан, но е добиена потврда за финансирање на капитални инфраструктурни проекти. Во следниве неколку години, Македонија очекува околу 450 милиони евра за патишта, железници, енергетика и во финансискиот сектор.

Во меѓувреме, владата го одложи издавањето на
Бидејќи кај еврообврзницата не беше јасно кажано за што е таа неменета, мислам дека неможе да се направи поврзување дека затоа што еврообврзницата ќе се пролонгира, дека компензацијата за такво нешто е задолжувањето кај ЕБОР
еврообврзницата. Министерот за финансии Зоран Ставрески во интервју за агенцијата Ројтерс изјави дека Македонија е задоволна од интересот што го покажале инвеститорите за планираната еврообврзница, но дека емисијата на евроозбрзниците ќе биде одложена додека условите на пазарот не се стабилизираат. Тој рече дека Македонија цели кон емисија која вреди помеѓу 175 и 250 милиони евра, но не се брза и се потпира на здравите економски индикатори на земјата за да привлече инвестиции.

Потпретседателот на СДСМ Зоран Јовановски вели дека одложувањето на емисијата на еврообврзницата е добра вест, а најавениот поволен кредит за инфраструктурни проекти до ЕБОР е уште подобра вест за Македонија. Главното прашање не е колку се задолжуваме, вели Јовановски, туку за што се задолжуваме, а инвестирањето во инфраструктура несомнено потег за поздравување. Тој цени дека одложувањето на еврообврзниците не може да се поврзе со најавениот кредит од ЕБОР.
Загреб - Лидерите од регионот со претставници на ЕБОР

„Бидејќи кај еврообврзницата не беше јасно кажано за што е таа неменета, мислам дека неможе да се направи поврзување дека затоа што еврообврзницата ќе се пролонгира, дека компензацијата за такво нешто е задолжувањето кај ЕБОР. Задолжувањето кај ЕБОР е однапред кажано, задолжувањето со еврообврзницата е нешто за што воопшто не знаевме.“

Професор Тихомир Јовановски се согласува дека тоа се две добри вести за Македонија. Тој потсетува дека сите капитални објекти во Македонија се изградени со помош на странски кредити. Според него, состојбата на светските пазари во моментов воопшто не е поволна за издавање на еврообврзници.

,,Таму условите се доста тешки, а каматната стапка е доста висока заради високиот степен на ризик на меѓународниот пазар на капитал.“

Каматните стапки на кредитите од ЕБОР се многу поволни.
ЕБОР досега во Македонија има финансирано повеќе од 510 милиони евра во над 40 проекти од финансискиот и енергетскиот сектор, инфраструктурата и корпоративните дејности.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG