Достапни линкови

Експлозија и пад на метален предмет во Бутел


Кругот на фабриката Макстил - место на експлозијата
Кругот на фабриката Макстил - место на експлозијата

Очевидците од населбата Бутел велат дека најпрвин слушнале силен звук кој ги натерал да излезат од своите домови, мислејќи дека има земјотрес или пак некаква експлозија. Виделе предмет што паѓа, но не се сигурни и дали се работи за некакво летало. МВР соопшти дека станува збор за метален предмет од експлозијата што утринава се случила во „Железара“

МВР вели дека леталото кое според некои очевидци се урна во близина на обиколницата на Скопје во населбата Бутел, е метален предмет од експлозијата која се случила утринава во Железара. Од НАТО штабот во Скопје велат дека во Македонија немаат никакви летала, а според нив немаат ни КФОР и тие се информирани дека се работи за боца која експлодирала во Железарницата. Од АРМ пак
Толку јака бучава, и експлозија. Скокнав од кревет излегувам од кревет на прозор и гледам – проаѓа топка една голема, свети како ракета, со многу јак звук и се заби на километар од мојата куќа.
не знаат за какво летало се работи, но се сигурни дека тоа не им припаѓа на нив. И од Дирекцијата за заштита и спасување велат дека не станува збор за било какво летало. Очевидците од населбата Бутел велат дека најпрвин слушнале силен звук кој ги натерал да излезат од своите домови, мислејќи дека има земјотрес или пак некаква експлозија, но не се сигурни и дали се работи за некакво летало.
Нове Георгиевски
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:08 0:00

„Почна куќата да ми се тресе, како да е земјотрес. На улица беа сите комшии излезени и ние излеговме надвор. Кога се гледаше тоа, бидејќи јас живеам во Бутел, металот беше во слободен пад, се слушнаа неколку пукаќа и одеднаш падна, како метеор запалено.“

„Излегов на прозор и видов бела топка како паѓа, во пламен.“

„Толку јака бучава, и експлозија. Скокнав од кревет излегувам од кревет на прозор и гледам – проаѓа топка една голема, свети како ракета, со многу јак звук и се заби на километар од мојата куќа.“
Макстил - место на експлозијата
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:40 0:00

Макстил - место на експлозијата
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:40 0:00
Еден од очевидците, пак, кој се нашол на локацијата каде се урнало леталото вели дека тоа било со бела боја и имало облик на плинска боца и дека не изгледало како безпилотно летало.

„Предметот личеше на боца од плин, само задниот дел беше бела боја и се гледаше дека имало експлозија. Наоколу имаше остатоци од предметот, но не ми изгледаше како што викаат овие беспилотно летало, мало беше.“

Според него остатоците се наоѓаат на приватен имот на некоја компанија и нема жртви, ниту материјална штета.

„Како приватен имот му доаѓа, дали од Железара, „Бањани“ мислам дека така се вика фирмата.“

Причина за инцидентот во Железарница кој се случил утринава пред осум часот е непозната експлозивна направа која се активирала при сечење на старо железо, при што еден работник е повреден.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG