А и кого не би?! Сите го чувствуваме недостигот на пари, го развлекуваме она што го имаме некако да издржи до следниот пат. А тие, пак, што немаат? Господ нека им е на помош. Нејсе. Нашата слушателка Стефка ни пишува дека тешко и паѓаат големите социјални разлики, дека и таа, со високо образование секојдневно се плаши за лебот свој насушен, и додава дека од капитализмот единствената корист е приватната иницијатива која, како што смета Стефка, со казните полека исчезнува.
Миле од Скопје смета дека за да станеш богат во Македонија треба да работиш нечесно, што значи дека, барем засега, нема чесни богаташи, смета Миле. Века од Тетово не' пофалува за темата, но во истовреме, ги разбира новинарите дека им е тешка работата додека „ископаат“ кој колкаво богатство има, а пишува, може оние за кои се истражувало да се најдат погодени па може да заработите и по некоја тужба или, уште полошо, закани. Тешко е и комплицирано да се живее во оваа наша напатена земја која е милиони километри далеку од ЕУ, извикува на крај Века, или можеби е Верка од Тетово.
Друг Миле од Скопје посакува да е на листата на најбогатите на списанието Форбс, па макар бил и 51!
Очигледно, почитувани, до гуша сме загазиле во сиромаштија. Добивме и една порака од Ристо Андов од Скопје кој е поттикнат од информациите исто така објавени на нашево Радио, за преговорите за името. Господин Андов, веројатно познава историја, папотсетува на некогашната Дубровничка Република која, како што пишува, исто како и Република Македонија била опкружена со непријатели, но успевала да се одржи со помош на мудра, разумна и патриотска дипломатија. Тој предлага на Собранието да се напише дека „Македонството во сите негови форми, облици и атрибути не е за продажба. За тоа никој нема право да разговара и преговара“. Нешто слично, пишува Ристо Андов од Скопје, пишувало и на еден од ѕидовите на Дубровник.
За крај, малку нескромност од наша страна ама, знаете, му годи на човек кога ќе го пофалат. Тоа значи дека работата на сите новинари во македонската редакција на Радио Слободна Европа се оценува и се вреднува: Наталија ни пишува дека името „Слободна Европа“ навистина го заслужуваме, дека ги цени нашите текстови и нема ден да не не' слуша или чита. Македонка од Струмица ни пишува „Супер сте!!!“. И на Наталија и на Македонка им се заблагодаруваме и очекуваме и натаму да бидат задоволни од нашата работа.
Миле од Скопје смета дека за да станеш богат во Македонија треба да работиш нечесно, што значи дека, барем засега, нема чесни богаташи, смета Миле. Века од Тетово не' пофалува за темата, но во истовреме, ги разбира новинарите дека им е тешка работата додека „ископаат“ кој колкаво богатство има, а пишува, може оние за кои се истражувало да се најдат погодени па може да заработите и по некоја тужба или, уште полошо, закани. Тешко е и комплицирано да се живее во оваа наша напатена земја која е милиони километри далеку од ЕУ, извикува на крај Века, или можеби е Верка од Тетово.
Друг Миле од Скопје посакува да е на листата на најбогатите на списанието Форбс, па макар бил и 51!
Очигледно, почитувани, до гуша сме загазиле во сиромаштија. Добивме и една порака од Ристо Андов од Скопје кој е поттикнат од информациите исто така објавени на нашево Радио, за преговорите за името. Господин Андов, веројатно познава историја, па
Македонството во сите негови форми, облици и атрибути не е за продажба. За тоа никој нема право да разговара и преговара.