Достапни линкови

Синдикатот, арена за превласт


Еден од протестите на членството на ССМ во Скопје
Еден од протестите на членството на ССМ во Скопје

Актуелниот лидер на ССМ Ванчо Муратовски е под притисок да си поднесе оставка. Ова од него го бараат дел од гранковите синдикати што се под контрола на Живко Митревски, ривалот на Муратовски од изборната битка во 2006 година.

Наместо грижа за работничките права, заштита на отпуштените, за поевидентните случаи за таканаречен мобинг, синдикатот се претвора во арена за превласт. Актуелниот лидер на ССМ Ванчо Муратовски е под притисок на дел од гранковите синдикати што се под контрола на Живко Митревски. Актуелниот водач на засега најбројниот синдикат би требало да поднесе оставка на крајот од своето осум годишно владеење. Ривалот од изборната битка во 2006 година, тврди дека Муратовски нема легитимитет, а тој пак вели дека Митровски има болни амбиции да биде негов наследник.
Но, основниот мотив е фактички реализираниот фалсификат што се случил на самиот 17-ти Конгрес.


„Но, основниот мотив е фактички реализираниот фалсификат што се случил на самиот 17-ти Конгрес, што на некој начин битно би ја дискфалификувал целата позиција и улога на ССМ.“

„Прво не се работи за 11 синдикати, туку се работи за 7 претседатели на гранкови синдикати, значи тие ниту го прашале членството, ниту пак своите оргнани. Она што тие го прават сега, се обидуваат да го изведат како пуч, за да конечно дојде на позиција Митревски.“

Неколкуте обиди досега да биде разрешен Муратовски беа безуспешни. Дел од гранковите организации се под влијание на власта, додека пак од ВМРО ДПМНЕ тврдат дека таканаречениот државен синдикат е продолжена рака на СДСМ. Партиите очигледно навлегоа во синдикатот во обид да го стават под контрола.

„Претседателот Муратовски настојуваше да ни понуди платформа за разгледување, на одредена политичка партија и лидерот на та
Прво не се работи за 11 синдикати, туку се работи за 7 претседатели на гранкови синдикати, значи тие ниту го прашале членството, ниту пак своите оргнани.
а политичка партија да присуствува на седница на претседателството.“

„Со ниту една политичка партија не сум иницирал, ова е едно од класичните лаги што се протураат во јавноста. Ако било така тогаш нека каже кои биле тие политички партии, туку постојано избегнува.“

Негира Муратовски. Во овој момент во синдикалното движење во Македонија поделеноста е се поевидентна. Но кој ќе биде легитимен потписник на колективни договори и партнер и преговарач со власта во заштита на работничките права ќе се определува според бројот на членството и оттука трката за формално запишување во некои од гранковите синдикати.

,,Мислам дека тоа е прерано да се каже, а и мислам дека после сите нервози што ги имам овие години тешко дека ќе можам да размислува за тоа.“

Останува впечатокот дека во време на рецесијата синдикатите не успеаја да се наметнат како фактори во остварувањето на социјалните права на наемните работници и вработените во јавниот сектор.
XS
SM
MD
LG