Достапни линкови

Граѓаните немаат пари ниту за стари возила


Автомобили
Автомобили
Граѓаните велат дека намалената акциза за увоз на стари возила нема да им помогне да дојдат до свој автомобил, бидејќи тие наемаат пари да си дозволат таков луксуз. Импортерите на автомобили велат дека тоа нема драстично да влијае врз цената на новите автомобили. Собранието на Република Македонија ги донесе измените на законот за акцизи предложени од владата со кои пресметка на акцизите ќе се врши врз основа на вредноста на возилото, наместо како досега според зафатнината на моторот. За автомобилите до 3.000 евра нема да се плаќа акциза. Околу 1100 половни возила веќе чекаат на граница. Граѓаните велат дека би купиле старо возило од странство, но дека немаат пари.
Нормално дека би купиле ама немаме пари. Груевски на се мисли, само на народот на мисли и само го лаже народот


„Нормално дека би купиле ама немаме пари. Груевски на се мисли, само на народот на мисли и само го лаже народот.“

„Добро е тоа, но тоа е само за шест месеци. Тој што има пари ќе купи.“

„Се зависи од буџетот. Добро е да се има и секој дај боже да има пари да купи ново возило, затоа што и Форд кога го прашале кое возило е најдобро, тој рекол, ново возило е најдобро.“

„За сиромаштијата е добро и да имам пари би купил.“

Директорката на Олимпија Моторс, Светлана Пљаковска вели дека продажбата на нови автомобили опаднала, по предложените измени на владата во законот за акцизи за увоз на стари возила.
Дефинитивно луѓето во секој момент очекуваат да видат што ќе се случи и самото тоа предизвика да се намали фрекфенцијата во продажните салони кои ги имаме

„Дефинитивно луѓето во секој момент очекуваат да видат што ќе се случи и самото тоа предизвика да се намали фрекфенцијата во продажните салони кои ги имаме, а со тоа и намалување на продажбата во текот на минатиот и овој месец.“

Еден од импортерите на возилата на Сеат, Златко Калеников вели дека поради намалената акциза за увоз ќе има мали промени на цените на новите возила во авто салоните.

„Дел од возилата посебно оние од средната класа ќе бидат поевтина, во полуксузната класа возилата ќе поскапат, а во најмалата категоријата ќе останат тука некаде цените, можеби ќе има благо поскапување до 100 евра зависи од моделот.“

Министерството за финансии ги намали и царините од два на еден отсто за автомобили произведени во Европската Унија и од 10 на пет отсто за тие произведени надвор од Унијата.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG