Достапни линкови

Декларативна заложба за спас на Преспанското Езеро


Преспанско Езеро
Преспанско Езеро

Само изминатите дваесетина години нивото на Преспанското езеро се намалило над осум метри, што е количество на вода рамно на неколку Дојрански езера.

Тоа според експертите се должи на три работи. Природното истекување на водата во Охридското езеро кое е за 200 метри на пониска надморска височина, збирањето на водата во подземен коридор под Галичица и неконтролираното користење на водите за
Многу пати постоеше проблем околу управувањето со водите, загадување, прекумерно риболовење, многу пати се случуваше, па тие денес да претставуваат закани за ова место
наводнување на земјоделските површини од трите држави кои го делат езерото- Македонија, Грција и Албанија. Во вакви услови на намалено езерско ниво, загадувачките материи што се испуштаат во водата, посебно остатоци од вешатчките губрива, ги намалуваат количините на растворен кислород во водата кој се троши во процесите за нивно разградување и стануваат опасни за животинскиот свет.

„Многу пати постоеше проблем околу управувањето со водите, загадување, прекумерно риболовење, многу пати се случуваше, па тие денес да претставуваат закани за ова место“

вели Константина Бирбили, министер за животна средина на Грција.

Повлекувањето на бреговата линија и губењето на плитката вода штетно влијае врз трската и останатата вегетација во крајбрежјето. На листата на глобално засеганати видови поради намалување на водата се пелистерската пастрмка,
Сите што живееме на овој регион имаме право на подобар квалитет на живот, но имаме и обврски, бидејќи за да живее некој во Преспа во овој благодет, претставува и голема одговорност во однос на животанта средина која треба да биде подобрена и одржана
преспанската белвица, мрената. Како резултат на прекумерен риболов во исчезнување е и преспанскиот крап кој е влезен во евроспката листа на критично загрозерни видови.

„Сите што живееме на овој регион имаме право на подобар квалитет на живот, но имаме и обврски, бидејќи за да живее некој во Преспа во овој благодет, претставува и голема одговорност во однос на животанта средина која треба да биде подобрена и одржана“

вели Лазарос Наплатидис, градоначалник на Преспа во Грција.

Досега и дел од канализација од околните села завршуваше во езерските води поради непоставена канализациска мрежа. Сето ова се случува во Преспа Паркот, кој пред десет години беше прогласен за првото меѓународно заштитено подрачје во Југоисточна Европа.

„Во овие изминати десет години покрај тоа што имавме еден акционен план, стратегиски план, резултатите беа многу ограничени“

вели еврокомесарот за животна средина Ставрос Димас.

Македонскиот министер за животна средина Неџати Јакупи полага надеж дека ситуацијата ќе се подобри со потпишаниот договор со Грција и Албанија за заштита на Преспа Паркот. Тој предвидува заедничко „унапредување на животната средина, проекти и политики за заштита на животната средина за добробитта на овој регион“. Дали овој договор ќе предизвика конкретна акција за спас на езерото или уште една декларативна заложба ќе покаже времето.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG