Достапни линкови

Економијата на удар


Октомвриските прослави во Скопје по добивањето на препораката за преговори со ЕУ од ЕК
Октомвриските прослави во Скопје по добивањето на препораката за преговори со ЕУ од ЕК

Економистите и бизнисмените се согласуваат дека недобивањето датум за членство во ЕУ негативно ќе се одрази на општата бизнис клима во земјава. Станува збор за перцепција која создава недоверба кон економската и политилчка стабилност

Недобивањето датум за преговори за членство во Европската унија негативно ќе се одрази на општата бизнис климата во земјава, се согласуваат економистите и бизнисмените.
Значи, генерално сметам дека теоретски со самото недобивање датум за преговори тоа влијае негативно на перцепцијата која ја имаат странските држави и компании кон Македонија. Тоа значи политичка нестабилност, или помала политичка нестабилност.
Економистот Оливер Бончановски вели дека вчерашната одлука во Брисел е најнеповолна за угледот на земјава пред странските инвеститори

„Значи, генерално сметам дека теоретски со самото недобивање датум за преговори тоа влијае негативно на перцепцијата која ја имаат странските држави и компании кон Македонија. Тоа значи политичка нестабилност, или помала политичка нестабилност.“

Берзата ќе биде прва на удар, предвидува Бончановски

„Сметам дека прво ќе реагира берзата иако се наоѓа на најниско можно ниво. Цените иако се очекуваше доколку се добие датум на преговори ќе има зголемување на цените, тоа изостана, ќе изостане и порастот.“

Влезот во европската заедница ќе обезбеди полесен пристап до пари на приватниот сектор, сметаат дел од приватосопствениците. Бизнисменот Драган Николов вели дека евроинтеграциите носат пари за фирмите

„Основен проблем за бизнисот е недостаток на финансиски средства. Знаеме од соседните земји дека со отворија огромни фондиви за усогласување.“
WrОсновен проблем за бизнисот е недостаток на финансиски средства. Знаеме од соседните земји дека со отворија огромни фондиви за усогласување.

Влезот во ЕУ овозможува интензивирање на еконосмката соработка со земјите членки на Унијата, додава Николов

„Препораката за преговори за ЕУ секако погодува и на бизнис релациите со ЕУ. Не повеќе на секојдневната бизнис комуникација. Ние и до сега продававме иако има ризици и од поголема конкуренција.“

Инаку По дводневна расправа, министрите за надворешни работи на земјите членки на Унијата решија Македонија сега да не добие датум, туку за тоа да се решава во првата половина на наредната година.
XS
SM
MD
LG