Достапни линкови

Државата станува се поскапа


Зградата на Владата на РМ
Зградата на Владата на РМ

Според дел од експертите државата станува се поскапа, односно услугите на државата во однос на минатата година, поскапуваат. Во изминативе три години побарувањата на државата се зголемени за над 50 отсто.

Државата станува се поскапа, велат дел од експертите. Додека од власта ги промовираа намалувањето на данокот на додадена вредност за одредени стоки, воведоа рамен данок и го кратеа трошењето на буџетските пари на два наврати годинава, експертите велат дека сето тоа не придонело кон поефтинување на услугите на државата. Претседателот на собраниската комисија за финансирање и буџет Јован Манасиевски вели дека државата бара начини за финансирање на тековните расходи во буџетот, со што се влечат повеќе пари од стопанството и од граѓаните по основи на казни, такси, даноци и слични надоместоци:

,,Ставките по однос на надоместоци, такси, казни ќе бидат прибрани од стопанството 43 милиони евра повеќе отколку во 2008 година."

Манасиевски заклучува дека услугите на државата годинава поскапеле во однос на лани, судејки по сумата на пари која е наплатена од граѓаните и стопанството:

Во 2006 година се потрошени 100 милијарди денари, сега 2009 година ќе се потрошат 150 милијарди денари. Да кажеме дека кога оваа разлика од 50 милијарди денари би била инвестирана во автопатишта, во енергетски проекти, никој не би имал против, меѓутоа не е така

,,Ако 52 милиони евра дадете по основ на плати и ако 43 милиони евра повеќе земете, бидејќи тие такси, надоместоци, плати ги плаќаат фирмите, значи вие автоматски сте ја направиле државата поскапа за 100 милиони евра."

Во изминативе три години побарувањата на државата се зголемени за 60 проценти, вели Манасиевски:

,,Во 2006 година се потрошени 100 милијарди денари, сега 2009 година ќе се потрошат 150 милијарди денари. Да кажеме дека кога оваа разлика од 50 милијарди денари би била инвестирана во автопатишта, во енергетски проекти, никој не би имал против, меѓутоа не е така."

Повисоките побарувања на државата би биле оправдани доколку се инвестираат во развојни проекти, имено, ако државата троши пари за да го подобри животот на граѓаните, вели економскиот аналитичар Шенај Хаџимустафа од Центарот за Економски Анализи:

,,Она што е битно во поглед на тоа дали нашата држава имала скап буџет, значи повеќе е битно исто така и во која насока биле насочени самите средства, односно квалитативниот карактер на јавните расходи. Кои се јавни добра биле понудени, дали сите тие влијаеле за да се подобри општествената, социјалната, економската ситуација во нашата земја, колку се подобрил животниот стандард на луѓето, односно колку се подобрил квалитетот на живот на луѓето?"

Доколку парите од народната каса се трошат за развојни цели и ако државата се задолжува за осигурување на напредок на стопанството и на граѓаните, расходите и задолжувањата се на некој начин оправдани, вели Хаџимустафа:

,,Меѓутоа доколку дел од проектите кои што значат подобрување на квалитетот на животот на луѓето не се исполнат, а тука исто така би требало да ги споменеме и капиталните проекти кои што се проекти кои генерираат во иднина многу позитивни ефекти за економијата, тогаш значи веќе тука би можеле да се загрижиме како се искористени средствата и дали навистина сме имале скап буџет, а не биле искористени средствата за подобрување на животот на сите граѓани во Македонија."

Добар дел од прибраните пари од граѓаните и стопанството, владата ги троши за плати на администрацијата со што државата е најголем работодавач, вели професорот Ванчо Узунов:

,,Граѓаните во услови кога приватниот сектор, еве и да не е криза, неможе да ја апсорбира невработеноста, очекуваат Владата да биде вработувач. Тоа во пазарна економија, во која што Владата е најголем вработувач неможе да просперира. Владата треба да им го каже
Меѓутоа доколку дел од проектите кои што значат подобрување на квалитетот на животот на луѓето не се исполнат, а тука исто така би требало да ги споменеме и капиталните проекти кои што се проекти кои генерираат во иднина многу позитивни ефекти за економијата, тогаш значи веќе тука би можеле да се загрижиме како се искористени средствата и дали навистина сме имале скап буџет
тоа отворено на граѓаните, дека таа ќе создава услови за приватниот сектор да стане најголемиот вработувач, кој што не само што ќе нуди работни места, туку ќе ги нуди најатрактивните работни места. Кај нас Владата обратно ако очекувањата на граѓаните се да вработува, сака да собере што повеќе пари за да може потоа да вработува."

Според неофицијални проценки, расходите во Буџетот за плати пораснале за 52 милиони евра во споредба со 2008 година. Исплатата на плати може да биде развојна цел самата по себе, доколку на граѓаните им се обезбедат поквалитетни услуги, објаснува Узунов. Како пример професорот ги зема образованието и здравството:

,,Ако се подигне квалитетот на образованието, тоа според мене е развојна инвестиција, но треба да се направи анализа дали навистина е подобрување на квалитетот на образованието, или е само за вработување на поголем број на персонал во образованието за да се вработат повеќе луѓе. Јас тоа го гледам по моите деца, сега ќе направиме мала дигресија, еден куп дополнителни предмети учат, кои што не сум убеден дека значат подобро образование."

И додека експертите тврдат дека државата влече повеќе пари од стопанството и граѓаните, од владата во изминативе две години имаше и олеснувања кои владата ги промовираше. Пример за таква промоција е кампањата на министерството за финансии која информира за воведувањето на рамен данок.

Сепак, најголема сума пари во државната каса се собираат од даноците, па од тука се поставува прашањето дали со намалување на даноците државата претрпе загуби? Поранешниотминистер за финансии Никола Поповски вели дека државата не успеала да компензира за загубите:

,,Па простиот одговор би бил дека Владата не успеа да го компензира кусокот кој што се јави од едноставна причина, во првите девет месеци од годината Владата има собрано 12% помалку даночни приходи од 2008 година."

По неуспешната компензација, државата на два наврати го намали трошењето, додава Поповски:

,,Владата неможеше тоа го пополни и примени класична мерка која што се применува во сите економии, ако имате 12% помали приходи
Ние искрено како компанија не осетивме никакви олеснувања, напротив дури и потешко се работи затоа што се бараат разни други услови да се исполнуваат. Во однос на рамниот данок ние не добивме никакво олеснување затоа што тешко се работи оваа година, профитите се многу помали
за 12 отсто ќе ги намалите расходите, што го направи во два наврати со буџетот и за 12% ќе го намалите дефицитот."

Сепак, за сметка на намалените даноци се вовеле и нови оданочувања, велат упатените. Економскиот аналитичар шенај Хаџимустафа вели дека со воведувањето на понискиот рамен данок, се подобрила даночната администрација, но се вовеле и нови оданочувања:

,,Значи се направија одредени реформи во поглед на намалување на даночните ослободувања кои што постоеа, што значи дека дел од луѓето кои што претходно не подлежеа на данок, сега станаа даночни обврзници."

Главно прашање кое сега се поставува е колку стопанството ги чувствува олеснувањата кои државата ги промовираше? Дел од стопанствениците велат дека нема видно олеснување. Драган Николов, директор на средно претпријатие вели дека неговата фирма годинава не ги почувствувала олеснувањата:

,,Ние искрено како компанија не осетивме никакви олеснувања, напротив дури и потешко се работи затоа што се бараат разни други услови да се исполнуваат. Во однос на рамниот данок ние не добивме никакво олеснување затоа што тешко се работи оваа година, профитите се многу помали, на некои позиции дури и не се остварува профит, туку загуби така што немаме некои конкретни податоци дали нешто е подобрено или не."

Нилолов додава дека нема ни олеснувања од намалените давачи за Данок на додадена вредност:

,,Додека за намалување на ДДВ-то што се однесува до градежниот сектор мислам дека не се постигна нешто големо. Како што ги гледам цените на становите се исти, не се намали ништо во тој поглед."

За нешто повеќе од еден месец годинешниот буџет ќе биде минато а владата идната година би требало да даде отчет за тоа како се трошеле парите на народот. Посебно актуелен во овој период е буџетот за 2010 година. И додека експертите на неколку наврати повторно ја актуелизираа потребата за продуктивни расходи, Министерот за финансии Зоран Ставрески посочи дека догодина ќе има повеќе инвестиции, посебно за стопанството.

,,Преку домашно задолжување да се повлеат на нето основа 3 милијарди 989 милиони денари, во однос на странското задолжување предвидени се кредитите од Светска Банка и од ЕБРД за финансирање на инфраструктурата, предвидена е буџетска поддршка од Светска Банка со 30 милиони денари."

Сепак догодинешниот Буџет се` уште не е достапен за јавноста а од него се познати само главните елементи - приходи, расходи и планиран дефицит. Како и за што точно се планира да се трошат парите на граѓаните договдина останува да се види.
XS
SM
MD
LG