Достапни линкови

Неделен печат - Охридска Архиепископија решение за МПЦ


Во последниот број неделникот ,,Фокус" пишува дека Македонската православна црква, со додавката на името Охридска архиепископија, се наоѓа пред решавање на вековниот спор за нејзино признавање.

Последнот број на неделникот ,,Фокус,, со интригирачки наслов пишува дека Македонската православна црква, со додавката на името Охридска архиепископија, се наоѓа пред решавање на вековниот спор. Српската православна црква, според неделникот, ќе ја признаела Охридската архиепископија, но владиците на Вранишковски, во тој случај, ќе морале да станат дел од од МПЦ. Како и зошто? ,,Фокус,, пишува дека се очекува Вранишковски да биде главниот камен сопнувач во преговорите помеѓу СПЦ и МПЦ и сега очекуваното признавање од српска страна на Охридската архиепископија. Се очекувало Србите до крај да бараат рехабилитација на Јован и негово враќање во клирот на македонската црква. Како што пишува ,,Фокус,, некои македонски владици најавувале надеж оти ќе успеат да издејствуваат Вранишковски да не се врати, но во тој случај, како компромисно решение, двајцата негови следбеици, Марко и Давид би требало да станат дел од Светиот Архиерејски Синод на МПЦ, горчлива пилула што ќе мора да се испие за конечно решение на овој проблем. Покрај ова, неделникот прашува дали МПЦ со додавката во своето име, всушност, не им испраќа порака на политичарите дека
Соборен храм
и со додавка може да се реши спорот за името соГрција, без комплетно да се промени. Но, од друга страна, со оглед на патронството на Груевски врз Синодот, додавката може да се смета и како негов тест пред најавеното референдумско прашање за промена на државното име во Северна Република Македонија, со оглед на тоа што МПЦ не помина лошо во јавноста со официјалното додавање на Охридска архиепископија на своето име, пишува ,,Фокус,,.
Пред да отпатува премиерот во посета на Австралија, ,, Глобус,, во последниот број ги анализира односите меѓу Македонците таму и владиката Петар како надлежен за Австралиската Епархија, и смета дека историската посета ќе го продлабочи расколот меѓу тамошните Македонци, затоа што се очекува да ја отвори новата црква на владиката Петар и дека според најавениот протокол ќе посети цркви исклучиво под негова јусрисдикција. Иако неделникот на извесен начин се оградува дека поради скратувањето на посетата на Груевски, можеби ќе има и промени во бројот на најавените остри протести на Македонците , ,,Глобус,, потсетува дека македонските иселеници му се лути на премиерот и поради тоа што во, од него промовираната Енциклопедија, речиси, се отфрла антиквизацијата и се форсира словенскиот карактер на македонската нација и за тоа како МПЦ, прекутрупа си изнајде своја ,,двојна формула,, за името.
Насловната страница на ,,Сега,, е посветена на, како што пишува, ,,Света Мирјана пречиста,, со претстава на ликот на претседателката на Антикорупциската комисија, Мирјана Димовска, за во поднасловот да напише дека Владата на Груевски е во голема и неприродна љубов со Комисијата. Во пошироката анализа за работата на антикорупциска, неделникот ги цитира зборовите на претходниот претседател,адвокатот Драган Малиновски, дека таа е како пес чувар кој престанал да лае. Малиновски смета дека најголемото потфрлање на Антикорупциската комисија е во областа на следењето на државните трошоци каде што токму таа треба да внимава дали парите од народот се трошат совесно и ефикасно, и дека љубов и хармонија меѓу државата , онаква како што има кај нас во моментов, не е природно. ,,Сега,, ја цитира и експретседателката на оваа Комисија, Слаѓана Тасева која што смета дека луѓето коишто денеска работат под насловот ,,Антикорупциска комисија,, изгледаат само како ,,демократски декор,,. Познавачите кои ги консултирал неделникот, исто така, сметаат дека Антикорупциска неколку пати досега не реагирала и на очевиден непотизам при именувањето блиски роднини за високи функционери во Владата и во други институции под нејзина надлежност.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG