Достапни линкови

Филип Рикер - Амбасадор на САД во Македонија


Филип Рикер, Aмбасадор на САД во Македонија
Филип Рикер, Aмбасадор на САД во Македонија

Сметаме дека сега по изборите во Грција и претходно во Македонија е време двете земји, Грција и Македонија, да седнат заедно и да се реши прашањето за името што побргу. Ние не можеме тоа да го направиме за вас. Тоа треба да го направат Грција и Македонија заедно.

Philip Reeker
please wait
Embed

No media source currently available

0:00 0:10:17 0:00
САД подржуваат компромис со Грција за брзо членство на Македонија во НАТО. По изборите во Грција со изборот на новата влада се очекува преговорите да продолжат. Дали не мислите дека е време за директно американско учество во преговорите?


Сметам дека преговарачкиот процес во Обединетите Нации, воден од Амбасадорот Метју Нимиц, е соодветна форма за да се помогне да се најде решение за овој долгогодишен спор – да се најде решение кое ќе им одговара на двете страни. Ние веруваме дека такво решение е можно и ги поддржуваме двете страни и амбасадорот Нимиц да се реши ова прашање што е можно поскоро. Сметаме дека сега по изборите во Грција и претходно во Македонија е време двете земји, Грција и Македонија, да седнат заедно и да се реши ова прашање што побргу. Ние не можеме тоа да го направиме за вас. Тоа треба да го направат Грција и Македонија заедно.

Амбасадорот Филип Рикер и уредникот на македонската редакција на РСЕ Зоран Ќука
Амбасадоре Рикер. Неодамна се вративте од Соединетите Држави каде што бевте со Претседателот Иванов. Тој таму се сретна со заменик државниот секретар Џо Стајнберг?


Ми беше задоволство кога мојот Претседател, кого јас го претставувам, Обама се сретна со Претседателот Иванов на приемот кој
Сметам дека преговарачкиот процес во Обединетите Нации, воден од Амбасадорот Метју Нимиц, е соодветна форма за да се помогне да се најде решение за овој долгогодишен спор – да се најде решение кое ќе им одговара на двете страни. Ние веруваме дека такво решение е можно и ги поддржуваме двете страни и амбасадорот Нимиц да се реши ова прашање што е можно поскоро
Претседателот Обама го организираше за шефовите на држави, како и билатералната средба со заменикот државен секретар Џо Стајнберг со кого Иванов имаше можност да разговара за регионални прашања. Заменик секретарот беше тука кратко откако Иванов стана Претседател. Тој му честита на Иванов на лидерството во тоа време и како што ние чувствуваме за креирање на подобра атмосфера за придвижување нанапред на прашањата, како што е она за името, кое е важно да се реши за иднината на Македонија.

Дали владата навреме реагираше на ситуацијата настаната во меѓуетничките односи по објавата на Енциклопедијата на МАНУ?


Мислам дека она што е важно за вас е што го видовте лидерот на доминантно албанската етничка партија, односно на ДУИ како седна со коалициониот партнер со Премиерот кој е лидер на доминантната македонска етничка партија да дискутираат и да ја изразaт подготвеноста и посветеноста да продолжат кон промоцијата на мултиетничката држава каква што е Македонија. Имено, различноста на оваа земја е најголемата сила. Мислам дека тие покажаа лидерство со тоа што заедно седнаа за да стават крај на кругот на навредите и заканите кои имаат за цел да се прекине позитивниот правец во кој се движи оваа земја. Мислам дека Груевски и Ахмети заедно тоа го направија на начин за најдобрата можна иднина на Македониjа наместо да се враќаат работите назад и јас ги поздравувам двајцата лидери за тоа.

Дали во Македонското општество има структури кои не се за добри меѓу етнички односи и брза интеграција на земјата во евроатланските структури?

За мене е јасно дека огромното мнозинство на граѓаните на оваа земја се за мирна и просперитетна иднина во Европа како дел од евро – атланското семејство, како дел од Европската Унија и НАТО. Всушност сите истражувања покажуваат дека над 90 насто од граѓаните
го поддржуваат влезот во НАТО и ЕУ. Очигледно сите тука сакаат хармонични меѓу-етнички односи. Но, Македонија е се уште земја во транзиција и тоа значи дека тензиите се возможни на сите нивоа. Но, ни треба конструктивен дијалог и да се користат институциите кои ги има оваа земја. Ја имате поддршката на меѓународната заедница да продолжите напред и да минете низ овој тензичен период. Најдобриот начин да се оди напред е целосната интеграција во евро-атланските структури и тоа е цел на Соединетите Држави и на големото мнозинство во Македонија. И не можеме да дозволиме индивидуалци кои можеби имаат своја агенда ова да го нарушат. Мислам дека лидерите на оваа земја тоа го демонстрираат.

Како би ја позиционирале Македонија и Балканот во глобални рамки?


Мислам дека Соединетите Држави одамна држат дека Балканот е дел од Европа. И тоа е преовладувачката позиција во смисла на Европа и на нашата надворешна и безбедносна политика. Тоа е желбата, Европа да е цела, слободна и мирна. Тоа беше и е фраза користена како поддршка од сите претседатели на Соединетите Држави од времето на Претседателот Рузвелт, односно од крајот на Втората Светска Војна. Вложивме богатство, напори и крв, со нашите партнери, за да се случи тоа. Балканот е дел од тоа и мораме да продолжиме да работиме до целосната интеграција на земјите од Балканот во евро – атланското семејство на нации, бидејќи тоа е, според многубројни примери кои сме ги виделе, клучот на стабилноста и просперитетот на Европа која е наша цел посебно во 21 век.

Како ги оценувате македонско - косовските односи. Македонија го призна Косово, но Скопје и Приштина се уште не воспостави
Очигледно сите тука сакаат хармонични меѓу-етнички односи. Но, Македонија е се уште земја во транзиција и тоа значи дека тензиите се возможни на сите нивоа. Но, ни треба конструктивен дијалог и да се користат институциите кои ги има оваа земја. Најдобриот начин да се оди напред е целосната интеграција во евро-атланските структури и тоа е цел на Соединетите Држави и на големото мнозинство во Македонија
дипломатски односи?


Мислам дека Македонија и Косово имаат силни врски. Тоа е очигледно и јасно. Тоа ви е најблискиот сосед на многу начини. Краток е патот од Скопје. Тука се личните врски, трговијата, размената која постојано се зголемува и односите продолжуваат и натаму да се развиваат. Како и меѓу многу други соседи, има разлики и прашања кои мора да се решаваат со дијалог, со дипломатија, но јас препорачувам и двете земји да ги држат отворени добрите линии на комуникации и се надеваме дека целосни дипломатски односи ќе бидат воспоставени во блиска иднина.

Над милијарда долари во разни реформски проекти САД вложија во Македонија. Задоволни ли сте од ефектите на тие вложувања?


Мислам дека нашата помош беше екстремно ефективна во многу области и помалку ефективна во други области. Нашата соработка со македонската армија, на пример. Им помогнавме на војската и на цивилните структури да ги задоволат стандардите на НАТО и тоа се потврди во 2008 година кога сите земји членки на НАТО се согласија дека Македонија ги има исполнето критериумите за членство. Сметам дека нашата работа беше круцијална и во финансискиот сектор. И помогнавме на Македонија да се квалификува и да стане полноправна членка на Светската Трговска организација. Важно е да се напомене дека на бизнисите им се потребни јасни правила. Важно е да се создаде терен за фер игра. Без потврда на тоа никој нема да биде мотивиран да инвестира. Областа за владеење на правото е дел од тоа. Со македонските власти кон крај е проектот за инсталација на електронски систем за менаџмент на случаи во сите судници во Македонија. Тоа се области во кои ќе продолжиме со работа, каде што би сакал да видам натамошен напредок во иднина. Една работа за која сме загрижени беше тренингот на Македонците за специјални вештини, за подоцна, кога се вратија во Македонија, да бидат заменети поради смената на политичката клима во земјата. Ова беше залудно трошење на нашите ресурси, трошење на обуката и на парите кои ги одвоивме и искрено тоа е загуба на експертиза која на Македонија и е потребна. Многу сум задоволен што неодамна блиско соработувавме со Владата на Република Македонија во изработката на Меморандум за разбирање кој минатиот месец јас го потпишав со Вицепремиерот, со што би се ставил крај на оваа практика на смена на државни службеници само поради смена на политичката клима.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG