Достапни линкови

Бреговиќ: Уживам во она што го работам


Војната не принуди да пораснеме ние кои си ја конзервиравме состојбата на професионални момчиња. Инаку, објективно мојата причина за занимавање со музиката е тој некој ѓавол од внатре кој секогаш е ист,, вели познатиот музичар Горан Бреговиќ за Радио Слободна Европа.

,,Имав среќа што светот стана пољубопитен. Тој отсекогаш беше љубопитен, но сега може да ја задоволи таа љубопитност. Никогаш во историјата малите кулутри толку не влијаеле врз големите како денес. Во таа љубоптиност упаднав и јас како современ композитор од една мала култура. Тоа пак од друга страна ни претставува мал хендикеп.,,

,,Кога паднав од вишната добив телеграма со охрабрување од министерот за култура на Франција, а не од некој наш, кој и да било: хрватскиот, српскиот или босанскиот министер. Тоа еден талент на Париз кои некои се уште треба да го учат.,,
Имав среќа што светот стана пољубопитен. Никогаш во историјата малите култури толку не влијаеле врз големите како денес. Во таа љубоптиност упаднав и јас како современ композитор од една мала култура.

,,Јас сум сарајлија и навикнав во мала средина да не стрчиш, дури и кога објективно си се родил повисок. Ќе се наведнеш малку. Во мала средина тоа е прашање на вкус, и јас никогаш од нашите не го барам тоа. Тие тоа го надоместуваат на други начини. Што ќе ти е министер? Кој тоа го интересира.,,

,,Свирев во Њујорк во Линколн центарот три дена едноподруго. Во Центарот пак, повеќе од половината присутни беа професионалци, продуценти, музичари. Љубопитни се за музиката од местото кое за жал е познато во лоша смисла. Секако се љубопитни да видат дека и таму има некоја уметност, бидејќи е невозможно само да се колат.,,

,,Пронајдоа некоја фрула во Германија стара дваесет или триесет илјади години. Тоа ја докажува старата теза дека музиката е првиот човеков јазик. Ние пред да научиме да зборуваме, пред да имаме религија или политика, сме правеле шумови и со тоа се разбиравме со светот кој не плаши. Тоа објаснува зошто музиката толку лесно се разбира. Не е важно чија е тоа музика.,,

,,Свирев на места кои не можете да ги замислите. Дијарбекир, главниот курдски град на ирачката граница, Томск, Краснојарск, во Сибир, Грузија, Тел Авив, Бејрут, Исланд, најодалечени и најчудни места. Јас не одбивам да свирам нигде и морам својата музика да ја претставам во живо. Јас никогаш нема да бидам на телевизија ниту се туркам да бидам таму. Навистина уживам во она што го работам. И ако добро го зборувате јазикот на музиката еднакви се реакциите и во Исланд и во Палермо.,,

,,Најлошо е тоа што врвот на кариерата ми е во шеесетата година. Сега би требало да бидам на надолна линија, а сега имам најдобра можност да пишувам добро. Тоа е можеби затоа што го поместив почетокот на работата. Јас не работев во времето кога требаше.
Знаев дека ако сакам да имам некоја слобода, односно да го работам за пари она што сакам да го работам за џабе, морам за тоа да се изборам..
Например од 24 до 40 година не работев ништо. Цело Бело Дугме нема 100 песни. Правев концерти еднаш во две, три години. Данокот беше 90 насто, па ме мрзеше да работам. Почнав да работам во војната, бев принуден, не ми остана ништо. Јас бев богат млад и славен. Во еден ден се што имав во банките во Југославија изгубив. Се најдов во Париз и првите три години работев се ништо не одбивав. Знаев дека ако сакам да имам некоја слобода, односно да го работам за пари она што сакам да го работам за џабе, морам за тоа да се изборам.,,
XS
SM
MD
LG