Достапни линкови

40 проценти од младите во Македонија невработени


Според истражуавањето на Балканската фондација за деца и млади 40 отсто од младите во Македонија се без работа. Намалувањето на невработеноста, особено кај младите е еден од осумте критериуни за почеток на преговори за членство во ЕУ

Во Македонија четириесет проценти од младите од дваесет до триесет и четири години се невработени, а на првата работа чекаат до шест години според анализата, која ја направила Балканската фондација за деца и млади. Сојузот на синдикати заедно со фондацијата
Мора итно да се преземат мерки доколку сакаме здраво општество. Односно со фактот дека невработеноста е со висок процент во нашата земја, особено кај младите луѓе, со тоа се нарушува здравјето кај младиот човек
склучил договор во наредните две години да ги информира младите, како побрзо да дојдат до вработување. Намалувањето на бројката на невработеност може да се реши само со преземање на некои проактивни мерки вели потпаролот на синдикатот Милан Живковиќ.

,,Семинари, како да дојдат до тие квалификации. Исто така и средства за волонтирање и практична работа како тие би добиле нешто за возврат."

Состојбата е загрижувачка и таа покажува дека нема стратегија за иднината на младите во земјава вели Мики Трајкоски од невладината Млади за Млади.

,,Мора итно да се преземат мерки доколку сакаме здраво општество. Односно со фактот дека невработеноста е со висок процент во нашата земја, особено кај младите луѓе, со тоа се нарушува здравјето кај младиот човек."

Според податоците на агенцијата за вработување за месец јули околу сто триесет и четири илјади млади луѓе до триесет и четири години немаат работа. Тие спроведуваат низа мерки за справување со овој проблем.

,,Од програмата за самовработување, програма за подготовка за вработување, програма за почнување сопствени бизниси итн."

Зголемувањето на вработеноста особено кај младите е една од осумте критериуми, кои ги постави европската комисија за почеток на преговори со нашата земја. Во земјите од ЕУ пак според последното истражување работа чекаат околу пет милиони млади луѓе.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG