Достапни линкови

Протестите во битолска Шеќерана сеуште траат


Протести на вработените во Шеќерана
Протести на вработените во Шеќерана

44 годишниот Драганчо Лингуровски од Битола не ни сонуваше дека ќе стане водач на еден од најдолгите штрајкови во битолското стопанство во периодот на транзицијата. Лингуровски го предводи штрајкот во Шеќераната, кој трае веќе шест месеци.

44 годишниот Драганчо Лингуровски од Битола не ни сонуваше дека ќе стане водач на еден од најдолгите штрајкови во битолското стопанство во периодот на транзицијата. До минатата година беше само претседател на синдикалната организација во битолската Шеќерана, приватна фирма како и многу други во градот каде се чини дека синдикатот ја има изгубено силата да им се спротивстави до крај на менаџерите и да ги заштити работничките права. Пресврт во неговиот живот настана пролетва кога со група побунтовни работници ги поведоа колегите во штрајк за повисоки плати и подобри работни услови. Шест месеци остана на чело на работничките барикади, а откако менаџментот продолжи да ги игнорира, предложи со шив штит да им го попречат патот на другите работници за фабриката да не може да преработува шеќер. Последните две недели ги помина деноноќно стражарејки пред фабричката капија.

„Напорно е многу, спиеме на земја, иамаме направено најлонски шатори. Дожд, снег, сонце, од 20 август сме надвор без разлика на временските прилики. Со финансиски средства се снаоѓаме секој како знае и умее. Денес имам јас, утре другиот, други ден третиот. Се случува некогаш само еднаш во денот да јадиме.“
Напорно е многу, спиеме на земја, иамаме направено најлонски шатори. Дожд, снег, сонце, од 20 август сме надвор без разлика на временските прилики

раскажува Лингуровски. Последиците од долгиот штрајк, непроспаните ноќи, нервозите и одговорноста што ја понесе со себе водејќи стотина штрајкувачи, се читаат од неговиот физички изглед. За цело ова време остана по улиците, заслабна, а пари не однесе дома.

„Имам две деца, од кои ќерка 18 години и син 11 години. Веќе ги немам видено недела дена, не бев ни на првиот час на моето помало дете. Знаете како е во овој период, спремање за на училиште, почнувајќи од гардероба, учебници. Тоа е многу тешко, немаме ништо купено. Сопругата дури сега се вработи после 20 години. Таа е инженер по сточарство, а се вработи како чистачка.“

вели синдикалецот. Слични се животните приказни и на другите штрајкувачи во Шеќераната. Семејствата ги прехрануваат со плата од 10.000 денари иако повеќето обавуваат тешки работни задачи во енерганата каде согорува јаглен за да се добие водена пара за производство на шеќер, а правот велат дека се одразува на нивното здравје.

„Во Шеќерана сум од ’84-та, а татако ми од ’54-та година. Јас сум мешински техничар, а тој беше високо квалификуван бравар и ложач на печка за сушење резанци. Семејна традиција. Кога влегов во Шеќерана таа беше поим за Битола, но сега испадна дека очигледно некој ја руши и од неа прави приватен бизнис. Тогаш земавме највисоки плати, вклучувајќи ги сите фирми во градот, потенцирајќи го и РЕК, а сега сме меѓу најдолните. Просечната плата за 2008 година беше 10 до 11 000 денари.“

одава Лингуровски.Сопственик на Шеќераната е бругарски „Литекс“, кој кога ја купи фабриката вети повисоки плати и преробда на шеќерниот бизнис.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG