Достапни линкови

Босна: реален ризик од насилства?


Порешителен ангажман на меѓународната заедница. Тоа е неопходно за да се избегне ризикот од насилство во Босна и Херцеговина, вели за Радио Слободна Европа Патрис Мекмејн, професор на американскиот универзитет Небраска, Линколн, и коавторка на написот Смртта на Дејтон, објавен во Форин Афеарс.

Во врска со проценките за тоа какви се можностите Босна и Херцеговина да стане функционална држава, или пак, како што проценуваат песимистите, таа е на работ на распаѓање Патрис Мекмејн вели:

,,Ние сметаме дека постои реален ризик од насилства во Босна, но се надеваме дека тоа нема да се случи утре. Во меѓувреме, меѓународната заедница, мислам на Европската унија и Соединетите држави, треба повторно да го насочат вниманието кон Босна, бидејќи постојат многу сериозни прашања што треба да се решат, а кои се последица од политичката блокада.,,

Наведува Патрис Мекмејн, во разговорот со новинарот на Радио Слободна Европа Драган Штављанин, повторувајќи го уверувањето дека постојат многу причини да се верува оти Босна може да стане функционална
Јасно е дека институционалната структура, без оглед дали таа и одговора на Федерацијата или на Република Српска, во стварноста создаде 160 министерски позиции на различни нивоа. Сите служби во јавниот сервис се дуплирани, што е сосема неефикасно.
држава. Битно е, како што додава, меѓународната заедница да не им попушта на етничките националности во Република Српска, но и во другите балкански земји.

,,Бошњачките политичари, исто така, даваат запалливи изјави. Затоа е важно таквите ставови да бидат сведени на минимум кај двата ентитета. При тоа треба да се има предвид и поширокиот контекст. Со Дејтонскиот договор е предвидено Босна да биде федерална, а не конфедерална држава. Но, во стварноста таа функционира како конфедерација, со ентитети кои имаа повеќе власт од централната.,,

Според Мекмејн, структурата која сега почива врз Дејтон ја држат во блокада Босна и Херцеговина. ,,Не е едноставно да се одвои национализмот и идентитетот од поголем број прашања во Босна, но Дејтонскиот договор создаде исклучително нефикасна институционална структура,, вели Мекмејн:

,,Јасно е дека институционалната структура, без оглед дали таа и одговора на Федерацијата или на Република Српска, во стварноста создаде 160 министерски позиции на различни нивоа. Сите служби во јавниот сервис се дуплирани, што е сосема неефикасно и непотребно.,,

Вели Патрис Мекмејн, додавајќи дека е потребно Соединетите држави да именуваат специјален претставник за Босна и Херцеговина. Според неа, Соединетите држави настојуваат да ги уверат другите дека не се откажуваат од исполнувањето на ветенето. Од друга страна, како што додава, постојат надежи дека со текот на времето, како што сега е во Европа, границите на Балканот да стануваат помалку важни и покрај постоењето на националните држави.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG