Достапни линкови

Нема ефекти од антикризните мерки?


Фабрика
Фабрика

Иако од Владата очекуваат дека до крајот на годината состојбата во економијата ќе тргне подобро, експертите и домашните бизнисмени велат дека ефектите од владините анктикризни мерки не се чувствуваат и треба да се ревидираат.

Ефектите од антикризните мерки на владата за сега не се чувствуваат, се согласуваат експертите и приватосопствениците. Додека од надлежните министерства и понатаму се оптимисти дека работите одат кон подобро кон крајот на годинава, упатените порачуваат дека мерките треба да се ревидираат. Професорот Петрит Положани вели дека за сега нема видливи резултати од владините антикризни мерки

„Јас сметам дека главните сектори на кои што требаше да им се даде најголема помош на стопанството, особено оние сектори кои што се извозно ориентирани, кои барат повеќе помош Владата, тука немаше поконкретни мерки и мислам дека тука лежи причината на не
Сеуште неможе да се ефектуира, значи еден од ефектите што неможе да се почувстуваат антикризните мерки е неодобрувањето на тие средства, второ рестриктивната политика на Народна Банка каде нема доволно средства во стопанството, исто така влијае да не се почувствуваат антикризните мерки
адекватните резултати.“

Положани додава дека трендовите во македонската економија се условениод случувањата во светот. Запрашан дали владиниот оптимизам за опоравување на економијата во четвртиот квартал од годинава е реален, Положани одговара:

„Има некои сингнали од големите држави дека тие почнуваат полека да излегуваат од кризата, од рецесијата што индереткно ќе влијае на нашата економија, но јас мислам дека кризата ќе продолжи барем уште наредните неколку месеци.“

Забелешки за антикризните мерки деновиве дадоа и стопанствениците. Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески деновиве забележа дека надлежните треба директно да интервенираат во секторите кои се најпогодени од кризата. Претставници од приватни фирми со слични забелешки. Драган Николов, директор на средно претпријатие, препорачува што побрза операционализација на кредитите наменети за мали и средни претпријатија:

„Сеуште неможе да се ефектуира, значи еден од ефектите што неможе да се почувстуваат антикризните мерки е неодобрувањето на тие средства, второ рестриктивната политика на Народна Банка каде нема доволно средства во стопанството, исто така влијае да не се почувствуваат антикризните мерки.“

Николов смета дека во четвртиот квартал од годинава може да се очекуваат подобри економски перформанси од претходните квартали но, според него, тоа не значи дека ќе има економски раст:

„Колку ќе биде неможе да се каже, не верувам дека ќе има раст. Значи четвртиот квартал секако ќе биде подобар од претходниот, но дали ќе го амортизира, тоа никој неможе да знае, тоа не верувам, бидејќи кај нас кризата последна дојде, последна ќе си оди.“

Инаку, за¬во¬дот за статистика пред неколку дена објави речиси 20 отсто пад на индустриското производство.
XS
SM
MD
LG