Достапни линкови

Македонците во Србија го враќаат загубениот идентитет


Нови Сад
Нови Сад

Здруженијата на Македонците во Србија активно работат на зачувување на традицијата и идентитетот на Македонците, кои низ годините го загубиле својот национален идентитет, не поради притисоци, туку поради сродноста на двата народа. Голем број Македонци главно се населени во Војводина.

Парашка Димитриевска -Пејчиќ родум од Свети Николе, од тригодишна возраст живее во Зрењанин, Република Србија. По професија е воспитувачка, а по вокација поетеса. Пишува поезија за деца на српски и на македонски јазик и преведува поезија и проза од двата јазика. До сега превела дел од поетското творештво и романот „Патот на љубовта“ од прерано починатиот македонски писател и поет Методи Манев. Димитриевска како и дел од Македонците кои живеат во Србија се соочила со фактот дека Македонците во овој дел од дијаспората го загубиле својот национален идентитет и се претопиле со српскиот народ. Не поради притисоци од државата Србија,туку поради сродноста на двата народа, вели Димитриевска. За враќање на македонскиот идентитет кај овие наши иселеници,
Како припадници на македонското малцинство имаме Национален совет кој се грижи за Македонците. Сега отвораме училишта за нашите деца да го изучуваат македонскиот јазик
Димитриевска заедно со уште неколкумина Македонци од 1997 година преку Здружението на македонско-српското пријателство, а од пред две години и како претставник за култура на македонското малцинство во Војводина при Заводот за култура во Нови Сад, се ангажира за изучување на македонскиот јазик и култура на младите Македонци кои живеат далеку од матицата. За актуелната состојба на Македонците во Србија Димитриевска-Пејчиќ раскажува:

„Како припадници на македонското малцинство имаме Национален совет кој се грижи за Македонците. Сега отвораме училишта за нашите деца да го изучуваат македонскиот јазик во Јабука, во Качарево и во Нови Сад.“

Таа зборува и за македонските поделби во Војводина, така што додава:

„Во Нови Сад имаме три здруженија. Зошто?Зарем не е доволно едно. Но добро! Се оди напред.“

Со оглед на тоа што во Војводина, во местата Јабука, Качарево, па и во Нови Сад и Панчево, постоеле основни училишта кои поради незаинтересираноста биле затворени, сега состојбата се менува. Дали сега има заинтересирани родители кои ги праќаат нивните деца
Од Македонија не добиваме никаква помош, иако кога јас кога бев секретар на Здружението неколку пати доаѓав во Македонија, барав помош од министерот за култура, од премиерот тогашен, бидејќи сакавме да ги разбудиме нашите Македонци. Но до денот денешен не добивме ништо
да го учат македонскиот јазик?

Има. Има се повеќе. Добивме и програма во Нови Сад и во Панчево.“

Вели Димитриевска и додава дека по три децении тие имаат и весник на македонски.

„Имаме весник „Виделина“ и „Видик“ чии уредници се Виктор Шеќеровски и Душица Илин.“

Како се финансирате?

„Министерството за национални малцинства на Р.Србија не финансира. Од Македонија не добиваме никаква помош, иако кога јас кога бев секретар на Здружението неколку пати доаѓав во Македонија, барав помош од министерот за култура, од премиерот тогашен, бидејќи сакавме да ги разбудиме нашите Македонци. Но до денот денешен не добивме ништо. Не! Не! Тие ветија, ама ништо од тоа.“

Иако работите тргнале по добар пат, Димитриевска очекува и надлежните во Македонија да дадат свој придонес.

  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG