Достапни линкови

Дополнителното образование не е гаранција за вработување


Постои експанзија на обуки и семинари во рамки на неформалното образование што се одржуваат во Битола, а сепак бројот на невработени со години никако да се намали под 18 илјади што претставува околу 20 проценти од вкупниот број на населението во општината.

Постои експанзија на обуки и семинари во рамки на неформалното образование што се одржуваат во Битола, а сепак бројот на невработени со години никако да се намали под 18 илјади што претсвува околу 20 проценти од вкупниот број на населението во општината. Младинскиот културен центар спроведе истражување за состојбите во кои се наоѓа неформалното образование. Заклучено е дека него најмногу го користат студентите, вработените, учениците и невработените. Меѓу најчестите обуки се оние од полето на лидерството, менаџментот, информатиката и други кои придонесуваат за зголемување на знаењата на веќе вработените. Иако обуките најчесто ги посетуваат лицата од 15 до 45 години, невработеноста кај битолчани на оваа возраст достигнува до 45 проценти. За обуките најмалку заинтересирани се лицата по 46 година, а дури 22 проценти од нив не се работно ангажирани. Тоа во најголем дел се стечајци кои останале без работа при трансформацијата на државните компании во приватни.

„Податокот дека ворасните над 46 години покажуваат интерес во мал процент, имајќи ја предвид високата невработеност во земјата и фактот дека најголемиот дел од невработените се во 4 и 5 декада од животот, зборува за недоволните активни мерки за прифајќање на оваа популација и нејзина инклузија во општеството.“

вели Мери Нашоку, коориднатор на прокетот за “Препознавање и афирмација на неформалното образование“.Со анкетата беа опфатени
Навистина се организираат премногу семинари, обуки итн. Сакаме да постигнеме тоа да се систематизира, да има правила на игра. Во моментот нарачателот на обуката ги дефинира критериумите кој се може да биде обучувач
63 институции кои испорачуваат неформално образование. Само половината од нив редовно доделуваат сертификати или дипломи за спроведените обуки. Последоватено на ова, повеќе од половина испитаници одговориле дека нивните сертификати не се признати од страна на формалното образование. Токму поради ова се поставува прашањето со каков квалитет се обуките кои се нудат надвор од образованиот систем. Истражувачите велат дека засега не постои стандардизација на неформалното образование, ниту има правила кој се може да биде обучувач.

„Навистина се организираат премногу семинари, обуки итн. Сакаме да постигнеме тоа да се систематизира, да има правила на игра. Во моментот нарачателот на обуката ги дефинира критериумите кој се може да биде обучувач.“

вели Дејан Додовски од Младинскиот Културен Центар.
Сепак, постојат и успешни примери како неформалното образование се имплементира во формалното и овозможува вработувања на млади кадри. Таков пример е прокетот за практична работа во средните економски училишта.

„Учениците работат во економско деловен центар, кабинет опремен како голема канцеларија, формираат своја компанија, аплицираат за вработување во таа компанија, преку интервју за работа се вработуваат, изработуваат бизнис планови и тргуваат со другите училишни компании на националниот пазар на училишни компании во Македонија.“

вели професорката Соња Карапашовска.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG