Турскиот ТАВ повторно ја одложи инвестицијата вредна 200 милиони евра за модернизација на аеродромите во нашава земја. Тие сеуште не успеале да добијат заем од 125 милиони евра од Европската банка за обнова и развој и 85 милиони евра од Европската инвестициска банка. Но, од ТАВ велат дека не се откажуваат и дека инвестицијата ќе се реализира. Причината за одложувањето е светската економска криза и проблемите со добивање на кредит вели Зоран Крстевски од агенцијата за цивилно воздухопловство.
„Се разбира дека непогоден момент беше светската економска криза, која што на одреден начин влијаеше и реномираната турска компанија да направи дополнителни напори за обезбедување кредитна линија, всушност единствена причина.“
Врз странските инвеститори има влијание тоа што не сме во НАТО и ЕУ, но не е пресудно. Не само кај нас, туку и во светот поради глобалната рецесија фирмите се откажуваа од најавените инвестиции во странските земји, вели Александар Панов од една фирма која се бави со преработка на метали.
„Сигурно дека кризата, рестриктивната политика на банките, затварањето на глобалниот светски пазар во регионални, сите инвеститори кои што беа тука, нормално ги повлекоа своите инвестиции, спасувајќи ја својата економија.“
Кога веќе некој решил да вложува кај нас, тој е информиран во каква ситуација е земјава и дека не е членка на НАТО и ЕУ. Откажувањето или одложувањето на инвестициите е резултат на кризата, вели економистот Горан Коевски.
„Секоја одлука за вложување во некоја земја, се базира првенствено за длабоко скенирање. Значи не верувам дека се работи за некоја погрешна одлука за инвестирање, па потоа да утврдат дека не им одговара да инвестираат. Кај нас нема некои драстични проблеми во тој поглед, за да се одложи или да не дојде до реализација. Моето размислување е дека се должи на глобалната економска криза.“
Поради рецесијата одложен е и стартот на францускиот Монтипе во Бунарџик, на хрватската фирма Агрокор, а нема ништо и од изградбата на Сончев град на Водно.
Сигурно дека кризата, рестриктивната политика на банките, затварањето на глобалниот светски пазар во регионални, сите инвеститори кои што беа тука, нормално ги повлекоа своите инвестиции, спасувајќи ја својата економија.
„Се разбира дека непогоден момент беше светската економска криза, која што на одреден начин влијаеше и реномираната турска компанија да направи дополнителни напори за обезбедување кредитна линија, всушност единствена причина.“
Врз странските инвеститори има влијание тоа што не сме во НАТО и ЕУ, но не е пресудно. Не само кај нас, туку и во светот поради глобалната рецесија фирмите се откажуваа од најавените инвестиции во странските земји, вели Александар Панов од една фирма која се бави со преработка на метали.
„Сигурно дека кризата, рестриктивната политика на банките, затварањето на глобалниот светски пазар во регионални, сите инвеститори кои што беа тука, нормално ги повлекоа своите инвестиции, спасувајќи ја својата економија.“
Кога веќе некој решил да вложува кај нас, тој е информиран во каква ситуација е земјава и дека не е членка на НАТО и ЕУ. Откажувањето или одложувањето на инвестициите е резултат на кризата, вели економистот Горан Коевски.
Моето размислување е дека се должи на глобалната економска криза